Само во оваа година очекуваме уште 25 нови странски компании да донесат и објават одлука за градба на капацитети во Македонија, дел од нив и да почнат со градба и во истите тие капацитети што планираат да ги отворат да се креираат нови повеќе од 13.000 работни места. Така ние се бориме за Македонија, порача премиерот Груевски на денешниот собир во СРЦ „Борис Трајковски“. Груевски од говорницата објави и шест нови странски инвестиции, во кои ќе се вработат 4.500 луѓе:
– Во периодот од 2006 година досега стапката на невработеност, која ја затекнавме во висина од околу 38 проценти, е намалена на 27,6 проценти.
Во истиот период се отворени повеќе од 138.000 работни места, во странските и во домашните капацитети, во приватниот и во јавниот сектор, и преку активните мерки за вработување. Во едно многу тешко време на глоблни и европски економски кризи. Значи се очекува во веќе најавените, а сè уште неотворени странски инвестиции да бидат отворени нови повеќе од 13.000 директни работни места, а со оперативниот план за активни мерки за вработување за 2015 година се предвидува поддршка на отворање на 8.500 работни места.
Со три компании од тие што неодамна јавно најавија инвестиција, во април ќе го потпишеме договорот по кој набрзо ќе ја почнат, а некои од нив завршат градбата, една германска и две италијански.
– „Техникал текстаил“ во Штип со 600 вработувања кои ќе почнат од јуни кога и ќе се отвори фабриката,
– „Монтанте“ во Скопје за производство на амортизери која ке вработи 400 луѓе и ќе почне со 100, и
– „Диатек“ во Скопје со 200 вработувања за почеток, печатарска индустрија.
За два месеци од сега ќе почнат градба на фабрики и веќе најавените
– „Ки сеифти системс“ во Кичево, за 1000 луѓе, во моментот веќе вработија 50,
– „Гентерм“ во Прилеп каде ќе се вработат 2000 луѓе,
-ОДВ електрик во Охрид Струга со 1000 луге,
– а во тој период ќе се потпише и договорот со „Костал“ во истиот регион исто така со 1000 луѓе.
Пред неколку дена заменик директорот на агенцијата за привлекување инвестиции ја направи првата посета на белгиска компанија која почна со работа во Скопје и ќе вработи 200 луѓе.
-Следниот месец ќе се отвори и фабриката на „Маккард“ во Велес, чијашто градба е во финиш и која ќе вработи 600 луѓе, а сопственикот веќе купи уште еден плац до неа.
Ова се 10 компании, кои само во овој период веќе објавија инвестиции и како што кажав со дел од нив сега го потпишуваме дговорот, дел почнуваат градба на фабриките, а некои се при крај и ќе ја отвараат за два месеци.
Покрај тие што веќе објавија, има голем број кои не се објавени, а со кои сме во финална фаза на договор или веќе неофицијално ни потврдиле дека донеле конечна одлука за градба на нови фабрики во Македонија.
Сакам да ве информирам со големо задоволство и да објавам официјално дека една таква е една американска инвестиција од автомобилската индустрија во висина од 15 милиони евра инвестиција која планира да се стационира во Тетово и да вработи, внимавајте – 2.500 луѓе од тој регион.
Или една друга која веќе неформално ни потврди инвестиција во Василево, за производство на матерјали кои се користат во рударство и градежништво.
Во Велес, ќе следи уште една инвестиција со 1.000 вработувања на која долго работевме, а за која веќе една домашна банка склучи договор за продажба на халите на поранешната Порцеланка.
Да објавам уште една нова инвестиција која де извести дека донеле веќе одлука за инвестирање во Прилеп, германска компанија, во делот на автомобилска индустрија, висока технологија, 250 вработувања главно високо образовани кадри, пред се инжињери и менаџери кои ке ги пушти на тренинг во Германија.
И ајде и уште една за денеска шестта нова инвестиција ќе најавам која е сигурна бидејќи компанијата иако сеуште официјално не објавила, веќе има регистриано фирма во Скопје, отворено канцеларија и првите административни вработувања се реализирани.
Се работи за германска компанија, потврдија градба на фабрика во зоната во Скопје за производство на електрични уреди, инвестиција вредна 30 милиони евра, 500 нови вработувања.
Само овие 6 ново најавни фабрики денес значат нови 4.500 директни вработувања, плус многу индиректни.
И тоа не е се….
Ете почитувани граѓани на какви бомби ние го трошиме нашето време. Тоа сме ние, тоа е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијта „За подобра Македонија“.
Па сега народот нека прави разлика меѓу нив и нас, и нека одлучи дали нас ќе не цени по делата, или креираните матерјали добиени од странски служби на Зоран Заев – рече премиерот Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии