| четврток, 6 декември 2018 |

Утре ќе биде претставена еврозизиската песна на Даниел

Daniel Kajmakovski 01 (Custom)

Утре напладне во просториите на Студио М1 во Македонската Радио Телевизија ќе биде промовирана англиската верзија на официјалната евровизиска песна „Autumn Leaves“, со којашто Даниел Кајмакоски ќе ја претстави Македонија на 60-тото јубилејно издание на Изборот за песна на Евровизија во Виена, Австрија.

Автор на музиката и текстот на „Autumn Leaves“ е шведскиот композитор Јоаким Персон, а за аранжманот и продукцијата се погрижи македонскиот музички продуцент Роберт Билбилов.

Истовремено ќе биде промовиран и видеоспотот за песната преку кој Даниел Кајмакоски на интересен начин ја раскажува приказната на песната.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top