| четврток, 6 декември 2018 |

Ученици го препознаа детето егзекутор на Исламска држава

Детето коешто е прикажано како егзекутор на заложник наводен шпион на израелската тајна служба Мосад на видеото коешто го објави џихадистичката организација Исламска држава (IS), го препознаа колегите од класот во Тулуз, во југозападна Франција.

-Учениците го препознаа еден од своите соученици, но треба да се биде претпазлив, изјави на прес-конфернецијата инспекторот за национално образование во Франција, Жак Кејо.

Не ги потврди информациите на AFP од извори блиски на истрагата, според кои детето од дванаесет години, снимено како го убива до пиштол заложникот идентификуван како Палестинецот Мухамед Саид Исмаил Мусалaм, 19-годишен жител на Источен Ерусалим обвинет дека е израелски шпион, е посинокот на Сабри Есид, роднина на Мохамед Мерах, убиецот од Тулуз. Мерах го шокираше светот која во периодот меѓу 11-ти и 19-ти март 2012 година уби тројца војници, тројца ученици од почетните одделенија и еден наставник од еврејското училиште во Тулуз.

Видеото поставено на интернет во вторникот го постави Исламската држава, прикажан и припадник на Исламската држава, кој зборува на француски јазик. Тој им се заканува со смрт на Евреите кои живеат во Франција. Потоа, момченцето, коешто според изгледот има 12 година, застанува пред Мухамед Исмаил и му стрела во главата.

Децата во средата ја виделе снимката и „веќе од четвртокот им е осигурена психолошка помош“ за учениците, бидејќи „децата се шокирани“, изјави Кејо.

Семејството на 31-годишниот Сабри Есид, според сомневањата на локалната полиција, се иселила од квартот Мирел во Тулуз и заминала во Сирија пролетта 2014 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top