| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајдено телото на братот на Фазли Велиу – 12 години било во мртовечница

Пронајдено е телото на Ружди Велиу, братот на поранешниот пратеник на ДУИ, Фазли Велиу, објави Алсат-М.  Во 2003-тата година неговото тело било пронајдено и оттогаш било во мртовечница, чекајќи анализи. Ружди, братот на Фазли Велиу, исчезна во 2001-та година, под сомнение дека македонските полициски сили го киднапирале некаде во регионот на Битола. Роднините на Велиу со години го искажуваа својот сомнеж дека властите намерно ја криеле судбината на Велиу.

312

Меѓу другите исчезнати од конфликтот во 2001-та година се смета дека се и Хајредин Халими од Скопје, Султан Мехмети од Струга и Џелил Османи од Гостивар. Во 2004-тата година на местото наречено Јама беа пронајдени и телата на Ибрахим и Зеќирија Велиу од Скопје, на Ислам Велиу од Струга и на бугарскиот државјанин, Радослав Балев. Погребот на Ружди Велиу се одржа  во неговото родно село Колари, Кичевско.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top