Претседателските избори во САД не ги исполнија демократските стандарди и меѓународните принципи и затоа не може да се сметаат за објективни, стои во Извештајот на рускиот ЦИК, а според наодите на независните руски набљудувачи од ноемвриските избори во САД, јавуваат руските медиуми.
Документот официјално ќе биде објавен вечерта во очи на втората инаугурација на Обама закажана за 21 јануари.
Според набљудувачите, САД не ги почитувале стандардите на ОБСЕ „Американските избори се како хамбургер, изгледаат убаво но внатре се вештачки“, посочува Игор Борисов од рускиот Институт за изборно право.
Во извештајот се нагласува фактот дека дури 50 милиони американци одбиле да гласаат од различни причини; се посочува и на проблемот на „расните малцинства“ и кршењето на нивните политички права- дозволено им е да гласаат само на 62 проценти од афроамериканците и на околу половина од јужноамериканците. Има забелешки и дека имало притисоци и закани од големите компании врз вработените, а се доведува во прашање и тајноста на гласањето преку Имејл или преку факс.
Тајното спонзорство на изборните кампањи исто така им паднале в очи на руските набљудувачи.
„Американската реалност е комплетно различна од американската пропаганда. Можеби е единствената држава каде намерите да се биде демократско општество, а да се немаат директни или национални избори“, посочува Алексеј Пушков од рускиот Долен дом.
Руските набљудувачи дале и позитивни оценки на некои иновации во ноемвриските американски избори како на пример регистрација на гласачи преку Фејсбук.
Руската централна изборна комисија најавува извештаи и за други избори низ светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



