| четврток, 6 декември 2018 |

Петмина „бомбаши“ на пат кон Скандинавија уапсени во БиХ

бомбаси

Босанската полиција соопшти дека уапсила петмина мажи, под сомнеж дека изработиле експлозивна направа со која сакале да извршат напад во една скандинсквска држава.

Осомоничените, четворца босански и еден шведски државјанин со арапско потекло, се товарат дека ја изработиле бомбата во Босна и Херцеговна по нарачка од една скандинавска држава.

Тројца од осомничените терористи биле упасени на границата при обид за излез од БиХ, а остантите двајца се приведени во Сараево.

Во соопштението се наведува дека акција е спроведена во координација меѓу полициите на БиХ, Шведска и Холандија.

Босанската полиција во своето соопштение наведува дека бомбата била намената за извршување на терористичи напад. Меѓутоа, шведската полиција ги негираше ваквите тврдења, нагласувајќи дека бомбата „не е поврзана со терористички, туку со криминални активности во јужна Шведска“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top