| четврток, 6 декември 2018 |

Можен е европски датум во јуни

eu znameПостои можност на самитот на ЕУ во јуни, Македонија да добие датум за преговори. Но, за да се случи тоа, потребно е локалните избори да се спроведат на демократски начин во согласност со европските норми и стандарди, и внатрешно-политичката ситуација да се развива врз основа на политичкиот дијалог со целосно исполнување на демократските функции на парламентот, како и нормален демократски дијалог меѓу Владата и опозицијата, оценува европартеникот и известувач во сенка за Македонија, Едуард Кукан.

Според него, во ЕП и во добар дел од политичките групи има големи симпатии и желби Македонија да напредува и натаму. Тој оцени дека решението за името, исто така, е важно.

– Тоа зависи од двете страни. Тука не е само една земја и ние знаеме дека Владата, премиерот и претседателот на Македонија имаат направено многу за да се најде компромисно решение и се надеваме дека другиот партнер ќе настапи, исто така, на основа на компромисно решение бидејќи тоа, очигледно, е многу важно – вели европратеникот Кукан во изјава за “Дојче веле“.

Тој додава дека кај европратениците постои задоволство што мисијата на комесарот Штефан Филе, заедно со европратениците Јиржи Бузек и Ричард Ховит, донесе поволни резултати. Во ЕП се оценува поволно подготовноста на политичките лидери од Македонија повторно да зборуваат меѓу нив и да најдат компромис.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top