| четврток, 6 декември 2018 |

Земји со највисоки плати во светот според Светска банка

Светската банка, има листа на земјите со лични примања. Ова се првите 10, платите се во нето износ.

plata

 

10. Холандија – 29 269 долари

Во земјата се наоѓа најголемото пристаниште во Европа – во Ротердам. Економијата доминира во секторите прехранбена индустрија, електронска стока, туризам, хемиска индустрија.

9. Јужна Кореја – 31 051 долари

Тоа е највисоко рангирана земја од Азија. Таа е 6-тиот најголем извозник и 10-от најголем увозник во светот. Таа е 5-тиот најголем производител на атомска енергија. Просечната плата е 35 406 долари годишно, и се задржуваат само 12.3% за даноци.

8. Норвешка – 31 101 долари

Земјата е богата со ресурси како нафта, риба, шуми и минерали. Има бесплатен и многу ефикасен здравствен систем. Државата поседува значајни удели во повеќето клучни сектори.

Просечната плата е 43 990 долари, од кој се задржуваат 29.3%.

7. Канада – 32 662 долари

Таа е една од ретките развиени земји во светот, кои не извезуваат енергија. Има богати наоѓалишта на нафта. Канада е производител на земјоделски производи, цинк, ураниум, злато, никел, алуминиум, житарици.

6. Велика Британија – 33 513 долари

На услужниот сектор спаѓа помалку под 75% од БДП на земјата. Туризмот е многу важен за земјата. Лондон е најпосетениот град во светот и е важен финансиски центар. Единбург во Шкотска, исто така е важен финансиски центар за Европа.

5. Австралија – 34 952 долари

Просечната плата е 44 983 долари, се задржуваат 22.3% за даноци.

4. Швајцарија – 35 471 долари

Државата има силен производствен сектор во кој се фокусира на фармацевтските производи, хемиските препарати, мерните инструменти и музичките инструменти.

Економијата се потпира уште на банкарство, осигурување, туризам.

3. Луксембург – 37 997 долари

Најважните сектори во државата се банките и финансиите.

2. Ирска – 41 170 долари

Во економијата во фокус се Високотехнолошките услуги.

Просечниот бруто приход е 50 764 долари, од кој се задржуваат 18.9%.

1. САД – 42 050 долари

САД се најголемиот увозник на стоки во светот и втор најголем извозник. Бруто среден приход е 54 450 долари, и се задржуваат 22.8%.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top