Доколку Грција ја напушти еврозоната, ќе предизвика домино ефект, што ќе ги повлече и Шпанија и Италија, па можеби дури и Германија, да го следат нејзиниот пример, изјави грчкиот министер за одбрана Панос Каменос.
– Ако експлодира Грција, следни ќе бидат Шпанија и Италија, а потоа во еден момент и Германија. Затоа треба да најдеме некакво решение во рамките на евроозната, кое нема да се сведе на тоа, за се да платат Грците. Луѓето не добија ништо од програмите за помош, затоа што се отиде во банките – изјави Каменос во интервју за германскиот весник „Билд“.
Според Каменос, на Грција не и треба трет план за спас, туку „поттик како оној што го доби Германија во 1953 година на конференцијата за долгот во Лондон“.
На оваа конференција на Германија и беше простена главницата од нејзиниот долг.
Во интервјуто Каменос се осврнува и на грчкото барање за исплата на воени репарации од страна на Германија за нацистичките воени злосторства во текот на Втората светска војна.
– Тоа не е мерка против Германија, туку историски долг. Златото што нацистите го однесоа од Атина во Берлин вредеше многу пари. Очекуваме отштета за златото, како и за кредитот даден под присила и за уривањето на археолошките споменици – потенцира Каменос, кој е лидер на помалиот партнер во грчката владина коалиција, десничарската партија Независни Грци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Каменос ја почна партиската конвенција со „Калашников“ (видео)
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Каменос: Договорот за името нема да биде ратификуван
-
Каменос: Избори на крајот од мандатот или кога ќе треба да се донесат одлуки за националните прашања