| четврток, 6 декември 2018 |

Сите Норвежани станаа милионери

Olesund-Norveska

Вредноста на норвешкиот нафтен фонд се зголеми двојно во последните три години и поради тоа сите 5,2 милиони граѓани на Норвешка се милионери, иако тоа е само на хартија.

Според соопштението на Норвешката централна банка, овој инвестициски фонд кој во свој посед има акции, обврзници и имот, успеал во минатата година да оствари стапка на поврат на своите инвестиции ширум светот во висина од 7,6 отсто.

Благодарејќи на тоа во касата во крајот на минатата година имало 745,1 милијарди евра, пренесува агенциата „Франс прес“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top