Лекари првпат успешно извршија трансплантанција на пенис. По деветчасовна операција, хирурзите од Кејптаун, Јужноафриканска Република им дадоа надеж на многу мажи кои ги загубиле половите органи по компликациите кои настанале по обрежување.
Првиот пациент кој бил опериран е 21-годишен маж кому пенисот му бил ампутиран пред три години откако му било направено нестручно обрежување. Стручните лица сметале дека ќе биде потребно барем две години пресадениот пенис да добие целосна функционалност, но целосното закрепнување се случило по само четири месеци.
– Ова е голем напредок. Докажавме дека е можно да се направи такво нешто. Некому може да му дадеме потполно функционален орган – изјави професор Андре ван дер Мерве, кој го предводел тимот.
Стручните лица проценуваат дека секоја година се прават околу 250 ампутации на пенис во ЈАР, поради несоодветно обрежување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.