| четврток, 6 декември 2018 |

Ревијален натпревар во Куманово во спомен на Петар Милошевски

Македонските фудбалски легенди Илија Најдоски, Кочо Димитровски, Бошко Ѓуровски, Вујадин Станојковиќ, Митко Стојковски, Саша Ќириќ, Гоце Седлоски, Драган Мутибариќ и уште многу други денеска ќе одиграат ревијален меч во Куманово во спомен на трагично починатиот поранешен голман на репрезентацијата Петар Милошевски.

petar milosevski

Пред една година Милошевски го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Куманово, враќајќи се токму од еден ревијален хуманитарен натпревар на кој учествуваше заедно со своите поранешни клупски и репрезентативни соиграчи. Петар ја извршуваше функцијата спортски директор на македонската фудбалска репрезентација.

Ревијалниот меч почнува во 18 часот и ќе се игра во спортската сала во Куманово.

 

 

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top