| четврток, 6 декември 2018 |

Писателот Славчо Ковилоски добитник на наградата „Духовни хоризонти“

Македонскиот писател и главен уредник на списанието за литература „Современост“, Славчо Ковилоски е добитник на наградата „Духовни хоризонти“ од Сојузот на слободни писатели (ССП). Денеска во Националниот клуб на БТА во Софија, на Ковилоски му беше врачена наградата „Духовни хоризонти“ од Сојузот на слободни писатели (ССП) и копија од ритоната од Панаѓурското златно засолниште. Претседателот на ССП, Стефан Влахов-Мицов посочи дека Ковилоски е награден заради значајниот придонес за развојот на бугарско-македонските културни односи, пренесе БТА. Академик Благовеста Касабова, претставувајќи ја „Мрзливи раскази“, првата книга од Ковилоски преведена на бугарски јазик, нагласи дека белетристичките минијатури на македонскиот автор се засноваат на народната психологија на балканскиот човек.

– Ликовите на хероите се базирани на прагматизмот и гротесно-комичното од животот на балканските простори, рече Касабова.

Таа прецизира дека авторот во делото не ги пропуштил типичните недостатоци на балканскиот човек, како што се непризнавањето на достигнувањата на другите, кусото историско помнење, ситните итроштини спрема соседите или државата,…

Ковилоски, пак, го претстави проектот „21 век: Балканскиот писател“ на Сојузот на слободни писатели и списанието „Современост“ кој содржи текстови на седум македонски и шест бугарски писатели посветени на иднината на балканската литература.

Како што истакна, целта на книгата е да покаже дека литературата на Балканот е жива и продолжува да се развива независно од секојдневните тешкотии на нашите два народа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top