| четврток, 6 декември 2018 |

Русија ќе потроши 4,5 милијарди евра за развој на ново оружје

орузје

Во текот на оваа година Русија ќе потроши 290 милијарди рубли (речиси 4,5 милијарди евра) за развој на ново оружје, најави рускиот заменик-министер за одбрана Јуриј Борисов.

– Тие средства ќе бидат наменети за истражување и за развој на напредно оружје и опрема – изјави Борисов.

Според украинската агенција Укринформ, Борисов нагласил дека обемот на руски трошоци за потребите на одбраната во 2015 година ќе достигне речиси две билијарди рубли (30 милијарди евра).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top