Шведска повторно ќе распореди војска на стратегискиот остров Готланд во Балтичко Море во момент кога се засилува борбеноста на Русија и предизвика тревога во регионот, објави британскито весник „Фајненшл тајмс“.
Шведскиот министер за одбрана, Петер Хултквист, истакна дека на Готланд ќе бидат испратени 150 војници и дека ќе ги интензивираат воените вежби со учество на копнените, поморските и воздухопловните сили.
– Готланд има стратегиска местоположба во Балтичко Море и ние признаваме дека Готланд е многу важен. Сѐ што правиме е дел од поцртувањето на шведскиот суверенитет – посочи Хултквист.
Готланд се наоѓа на половина пат меѓу Шведска и Летонија во центарот на Балтичко Море. Тоа е најголем шведски остров, каде што од 2005 година немало постојано воено присуство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.