Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје од сообраќајната полиција е извршен увид на вкупно шест сообраќајни незгоди.
Од нив, две се со последица материјална штета и четири се со последица телесни повреди во кои полесни повреди добиле четворица возачи на патничко моторно возило и двајца сопатници.
Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција се откриени и санкционирани девет возачи кои поминале на црвено светло на семафор, осум возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, четири возачи кои не ги почитувале правилата за првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 21 возач кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото, како и 10 возачи кои непрописно се престроиле пред крстосница.
Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција се отстранети 71 возило кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во ОУ „Браќа Рамиз и Хамит“, кое се наоѓа на територијата на општина Шуто Оризари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст