Европската комисија го блокирала договорот за нуклеарна соработка меѓу Унгарија и Русија вреден 12 милијарди евра, пренесува „Фајненшл тајмс“.
Кон крајот на на минатата година овие две земји потпишаа документи за изградба на петти и шести енергетски блок на нуклеарната електрана „Пакс“ со реактори кои се изградени на основа на руска технологија.
Одлуката на Европската комисија веројатно дополнитечно ќе ги влоши односите на Кремљ и на Брисел. Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, и покрај кризата во Украина и лошите односи на ЕУ и со Русија потпиша договор со руската корпорација за нуклеарна енергија, сметајќи дека тоа е од голем економски интерес за Унгарија. Неговите критичари сметаат дека тоа ќе ја зголеми енергетската зависност на Унгарија од Русија. Опозицијата критикувала дека договорот е постигнат без тендер, а договорот е опишан како симбол за политичко приближување на премиерот Орбан и претседателот на Русија, Владимир Путин.
Орбан, пак, го бранеше договорот со образложение дека руската корпорација дава најповолни услови за изградбата на овие енергетски блокови кои пак ќе овозможат евтина енергија, што е основа за поголем поттик за развој на економијата во земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Русија има подготвен одговор ако САД постават база во Полска
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
За Русија сме и ќе бидеме Република Македонија