| четврток, 6 декември 2018 |

Колку пати сексање месечно ќе ја направат среќна?

За време на снимањето неговата видеосерија „Создавање на вашиот најдобар брак”, психотерапевтот и писател Гери Њуман и неговите колеги анкетирале 400 жени на тема сексот и нивниот брак. Испитувањата покажале дека жените кои имале секс три или четири пати во месецот се несреќни во бракот, додека оние кои имале секс најмалку 11 пати во еден месец се задоволни и од бракот и од сопругот.

– Верувале или не, не е толку важен квалитетот на сексот, туку колку често го имате – вели Њуман.

Според него најпрактично е да го планирате денот или времето за секс.

– Сексуалноста во бракот е поврзана со емоционалното задоволство на брачните другари, но понекогаш треба и план. Излезете барем еднаш неделно заедно и не разговарајте за пари, деца, работа, дома … Не се заљубивте еден во друг поради вакви разговори – советува Њуман.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top