Според нумеролозите, датумот на кој сте родени открива многу за вашата личност и карактер. Според тоа кој ден од месецот сте родени, проверете што вели нумерологијата за вас.
1. Личностите родени во првиот ден од било кој месец во година, или носат единица како личен број, се големи автократи. Тоа е само почеток, но тие се секогаш наклонети кон своите амбиции, желби и дела. Факт е дека имаат навистина среќа, често се на тронот или пак се родители или политичари. Вистина е дека сакаат моќ, слава, успех и пари, но мал дел од нив доаѓаат до тоа. Овие лица би требало да се чуваат од љубоморните лица и оние кои не сакаат да напредуваат духовно
2. Родени во вториот ден, имаат потреба да се истакнат преку љубовта. Нестабилни се кога треба да донесат некоја одлука, емоциите ги прават безпомошни. Мораат повеќе да спијат, одмараат, имаат јака перцепција и видовитост. Овие луѓе знаат да раководдат со пари, способни се да се разбиваат економски и да напредуваат. Ваквите лица се добри за советници. Лицата родени на овој ден би можеле да го пропатуваат целиот свет.
3. Родени на третиот ден во месецот, представени се како личности кои имаат доверба во себе. Таа доверба може да се покаже повеќе како религиозен принцип отколку оптимизам. Добри глумци и способни личности да го забавуваат друштвото. За нив децата се среќа. Често се жртви на насилство, па дури и во недолични планови кај своите сопарници. Навистина интелигентни, образовани, бараат партнери со високо образование. Големи патници.
4. Родени во четвртиот ден од месецот, иако поврзани со Сатурн, кај нив материјализмот е нагласен. Моето искуство е дека се несреќни во љубовта. Секогаш имаат развод или крај на врската доколку се наоѓаат пред брак. Ги сакаат децата и тие се нивната голема среќа. Навистина способни да заработат. Го сакаат престижот, елеганцијата, нивото, класата. Имаат здравственипроблеми со црниот дроб, крвта.
5. Родени во петиот ден во месецот, навистина чудни луѓе, или имаат проблеми со
комуникацијата со другите, или пак се способни за се. Добри водители, преговарачи, склучувачи на контакти со другите, имаат сила за завршат се што ќе испланираат. Често барачи на правда. После земскиот живот, и понатаму живеат во мислите на народот.
6. Родени во шестиот ден во месецот, се бараат себе преку духовноста. Можат да бидат добри занаетчии, посебно златари. сакаат забава, живот. Често имаат пари во еден период од својот живот, но исто така и имаат големи загуби. Мораат да водат сметка за своите финансии. Доколку се врзани за некој религиски празник тогаш треба да ја следат енергијата на тој светец кој секогаш е нивен заштитник. Имаат често проблеми во љубовта.
7. Родени во седмиот ден во месецот, внимателни, мудри, ништо не препуштаат на случајот, спремни за разни предизвици, често имаат трагедија во фамилијата. Можат рано да изгубат еден родител. Тоа ги прави посилни или предвреме созреани. Често патуваат во друга земја што би рекле, две куќи, два дома. Странските јазици ги зборуваат одлично. Одлично раководат со парите.
8. Родени во осмиот ден од месецот, бараат идеален живот. Големи комформисти, богати, парите им доаѓаат во рака, им паѓаат од небо. Возат добар и голем автомобил. Често стапуваат во брак во покасните години, секогаш бараат љубов, тоа и ги измачува. Голема осаменост во душите на овие личности. Потребен им е одмор и големо опуштање.
9. Родени во деветиот ден во месецот, постојано на почетокот, идеалисти, имаат
голема потреба да направат нешто епохално. Добри во уметноста. Големи емотивци, често страдаат поради тоа. Патувањето и креативноста се нивниот живот.
10. Родени на десетиот ден во месецот, интелигентни и паметни личности. Често ги завршуваат високите образованија, иако немаат услови за школување, често го надополнуваат тоа со читање книги, курсеви или алтернативни предзнаења. Поврзани со семејството и фамилијата. Жените тешко се мажат, мажите тешко се разведуваат. Сакаат да се грижат за децата, а компанијата или фирмата во која работат има потполна корист од нив.
11. Родени на единаесетиот ден во месецот, личности на кои им предстои голема борба во животот. Можат да се најдат во разни ситуации од сиромашни, до богатство во големи размери. Нив ги води нивната интуиција која работи како часовник. Овие личности имаат потреба од фамилијата и семејството во фамилијата во која живеат. Иначе, овој број се смета за луциферов број.
12. Родени на дванаесети во месецот, имаат најдобро развиена емоција за правда,
моментот кога на некој треба да му помогнат. Често се несреќни во љубовта, на крајот сепак доаѓаат до своите сродни души. Способни се за заработка. Треба да внимаваат на своето здравје.
13. Родени на тринаесети во месецот. Личностите кои најдобро работат, се завршуваат, сите се потпираат на нив. Претеруваат во работните обврски. Не внимаваат на своето здравје. Своите идеи и знаења ги поклонуваат, а сето тоа не е добро за самата личност. Во животот заработуваат и заштедуваат многу пари. Потребна им е подршка од семејството. Тешко стасуваат до брак.
14. Родени на четарнаесети во месецот, навистина успешни во својата работа. Представуваат идоли на другите. Судбината ги следи. Можат да бидат среќни и многу несреќни. Турбуленциите им представуваат предизвик во животот. Мораат да остварат потомство, со што се регенерираат. Ги сметаат за лудаци, обожаваат да ги излудуваат другите, но можат да бидат одлични доктори како и стоматолози.
15. Родени на петнаесетиот ден во месецот, многу забавни, добри пријатели, другари и пријатели, среќата ги следи целиот живот, секогаш имаат подршка од силни луѓе кога им е потребно. Можат да претераат во својот хедонизам. Често имаат два брака. Мора, или пак имаат потреба да имаат деца. Често имаат проблеми со астма, како и со дишните органи на кои се навистина чувствителни.
16. Родени во шестнаесетиот ден во месецот, имаат силна потреба да бидат сакани и често се жртви на несреќна љубов. Материјално добро стојат. Егоисти кои мислат на парите. Треба да веруваат во својата слава, или да имаат Светец кој ќе ги штити. Обично имаат едно дете. Во текот на животот од нив се очекува многу. Овие личности најчесто имаат проблеми со срцето.
17. Родени на седумнаесетиот ден во месецот, имаат проблем со документите и хартиите. На тоа поле, овие личности се секогаш блокирани. Овие личности се навистина паметни и високо образовани. Тоа им е влезницата во овој свет. Патувањето и животот на далечните држави им дава крилја. Можат да имаат две силни врски, или пак два брака. Здравствено најчесто патат од болните емоции.
18. Родени во осумнаесетиот ден во месецот. Еве интересен број и многу контракции. Се смета дека ова е бројот на ѓаволот. Математички операцијата – множење 3×6=18,666. Еврејската буква w=6, и сега три пати од тоа, што добивате? Да всушност она што го сакаме и секојдневно користиме 666 или www…интернет?! Во овој случај лесно можеме да одлучиме кој е всушност лидер. Нашиот светски лидер е интернетот, и исто така и голема опсесија. Личностите родени на овој датум се успешни бизнисмени, глумци и уметници. Во почетокот на животот се слаби, но како стареат ги променува судбината со што стануваат се посилни и посилни. Често одат на операции, но имаат силно здравје поради силната психа.
19. Родени во деветнаесетиот ден во месецот, личности кои имаат живот како Севишниот. Нивниот пат е трнлив. Често страдаат. Ако веруваат во себе, или во бога имаат шанси да живет еден нормален и обичен живот. Често екцентрици кои доста патуваат, имаат големо друштво а пријателите ги сметаат за своја фамилија. Ги сакаат децата, иако често остануваат без потомство. Треба да научат лекции за отворањето емоции спрема другите. Здравствен проблем имаат со ќелавоста, губењето коса, силните нервози, вишокот енергија која не се излива, и преминува во болест.
20. Родени во дваесетиот ден во месецот, деца на судбината. Всушност нивната судбина многу влијае на нив. Како да се родени другите да нучат важни и големи животни прашања. Мора да внимаваат на криминал. Таа енергија ги следи низ животот. Ако се мурдри, можат да ја избегнат опасноста. Способни се да заработат, и кога не работат. Често се служени од останатите. Нивниот организам е чувствителен кај срцето, бубрезите. Треба да остават некое нивно познато дело зад себе, и да одат во вечноста.
21. Родени во дваесет и првиот ден во месецот, личности кои имаат тежок живот. Но тоа не значи дека ги следи несреќа. Мораат да заслужат се што сакаат и да се изборат за тоа. Поврзани се со бројот седум. На секои седум години, се менува нивниот живот. Мораат да го носат својот крст стоечки, бидејќи само така ќе ја победат тешкотијата. Иначе, се смета дека 21 е навистина важен, енергетски број. Во познатиот филм 21 грам, масата на душата во моментот кога го напушта телото и заминува во смртта изнесува 21-грам.
22. Родени во дваесет и вториот ден во месецот, личности кој не се свесни за својата душевна сила. Често заминуваат во криминал или стануваат мрзеливи, неработни. Потребна им е голема мотивација, односно љубов. Ова се личности кои често го менуваат својот дом. Парите им доаѓаат во еден период од животот, многу пари, потоа губат се, па повторно се враќаат на патот на добрата судбина. Знаат да бидат егоисти, потребно е да ги сослушаат и да ги советуваат другите. Ако се работи за маж, тогаш е врзан за мајката. Жена способна да направи се сама. Оганот им е
непријател.
23. Личностите родени во дваесет и третиот ден од месецот. Голем датум, голем број, големи луѓе. Ова се личност кои имаат одлична чувствителност, верба во себе, знаење, паметни и интелигентни. Имаат талент за електрониката и новата ера, интернетот. Другите не ги разбираат. Често се сами. Тешко ја пронаоѓаат својата прва љубов. Имаат повеќе бракови. Обично важните животни настани се случуваат на овој датум. Интересно е кога ќе напишете на гугл, на денешен ден, првиот датум што ќе ви се појави е всушност бројот 23..!
24. Родените личности на дваесет и четвртиот ден во месецот се радохоличари. Најдобри работници, шефови и организатори на работата. Добри учители. Со малку пари, можат да преживеат сосема солидно. Во љубовта се доста осамени, но сепак успеваат да дојдат до вистинската личност ако се опуштат. Имаат многу деца и внуци. Често живеат долго. Мораат да внимаваат на начинот на исхрана, срцето и вените.
25. Личностите родени на дваесет и петиот ден во месецот се големи деца. Не сакаат да пораснат. Поврзани се со мајката. Покасно влегуваат во брак. Кога се млади сакаат забава, пред да започнат брачна заедница. Опасно е ако ја преминат 35-тата година живот, а немаат свое семејство, остануваат сами. Секогаш на својата позиција, им помагаат на другите. Овие личности треба да внимаваат на сообраќајните несреќи.
26. Личностите родени во дваесет и шестиот ден во месецот, имаат посебна харизма. Тие имаат вродена сила и борба за живот. Во животот минуваат низ се, дури можат да се најдат и од другата страна од законот, но излегуваат без оштетувања. Големи материјалисти, способни од ништо да создадат нешто, или многу повеќе во зависност од амбициите. Мора да внимаваат за здравјето, долните и горните екстремитети бараат поголемо внимание.
27. Личностите родени во дваесет и седмиот ден во месецот се личности кои многу се сакаат себе си. Големи ексентрици. Силната интелигенција ги краси, разбираат работи во секунда. Имаат ораторички способности. Нема подобри трговци или менаџери од нив. Способни се да продадат мачка во вреќа. Често на силна позиција, функционери, силна сексуална енергија. Имаат проблеми со срцето.
28. Личностите родени во дваесет и осмиот ден од месецот, имаат тежок живот. Минуваат низ многу животни неправди, дури и кога животот не им е наклонет, со што имаат големо страдање. Ако ја преминат својата 40-та или 45-та година од животот можат да доживеат длабока старост и да им помагаат на своите деца. Имаат nbsp;проблеми со штитната жлезда поради силните емоции или преголемите амбиции.
29. Личностите родени во дваесет и деветиот ден во месецот се личности кои ги сакаат други луѓе, однсоно луѓето околу себе. Можат да бидат популарни писатели, глумци, предвидувачи, личности со посебно нагласени особини како себичност, егоцентричност, преголеми перфекционисти, големи интелектуалци, интелигентни до точката на визија. Треба да се занимаваат со хуманитарна работа, но ги интересира и политиката и јавноста. Здравствено се поврзани со болестите на главата, мозокот и зависноста од лекови.
30. Личностите родени во предпоследниот ден во месецот, имаат најсилен датум за работа и пари. Ако некој биде богат, тоа ќе биде личност родена под овој датум.
Парите некако им доаѓаат. Во младоста имаат проблеми со законот, подоцна учат
лекција и имаат природен штит од небото. Имаат болест на кожата, забите, крвта и црниот дроб.
31. Личностите родени во последниот ден во месецот имаат привилегија. Тие се на крајот, но и на почетокот, имаат примања од сите предходни броеви. Животот во е загарантиран кога тогаш за нив. Таму им предстои успехот и просветлувањето на душата. Ги сакаат децата и често работат со нив. Нивните болести се поврзани со стомакот, исхраната, дебелината како и хормоните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.