| четврток, 6 декември 2018 |

Целосно затемнување на Сонцето на 20 март

Целосното затемнување на Сонцето кое ни се ближи (најголемо во Европа од 1999 година) ќе блокира повеќе од 90% од Сончевата светлина над некои делови од Европа, а ќе се случи на 20-ти март и ќе трае околу два часа, со достигнување на врвот од нешто помалку од три минути.

Целосното затемнување, резултат на разминувањето на Земјата и Сонцето, би можело да предизвика проблеми во соларното напојување.

Експертите од европската мрежа на оператори на системи за пренос на електрична енергија, стационирани во Белгија, веќе со месеци се подготвуваат за затемнувањето, што вклучува и координација во случај да се појават поголеми проблеми.

“Производството на соларна енергија ќе се намали од 17,5 гигавати на 6,2, а потоа повторно ќе се зголеми на 24,6, што значи дека системот ќе мора во само половина час да се прилагоди на новонастанатите услови”, објаснува Патрик Грајхен, извршен директор на берлинската станица за обновлива енергија “Agora Energiewende”.

Накратко, експертите го нарекуваат затемнувањето “стрес-тест” за енергетското напојување, но повеќето од нив се согласуваат со тоа дека не би требало да има поголеми проблеми.

“Во поголемиот дел од случаите, соларните станици користат дополнителен извор на напојување, па довербата во нивната работа е на високо ниво, што значи дека не би требало да има поголеми проблеми”, објасни лондонскиот експерт за соларна енергија Џон Мајер и додаде предупредување за тоа дека ќе мора да се носат заштитни наочари ако планирате да го гледате небото за време на затемнувањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top