| четврток, 6 декември 2018 |

Атрактивната ќерка на Сузана Манчиќ дел од натпреварувачите на „Икс-фактор“

teodora-kunic-1376829683-354143

Дваесет и две годишната Теодора Куниќ, ќерка на водителката Сузана Манчиќ, учествуваше на големата аудиција „Икс-фактор“ во Белград.

Куниќ имаше можност да го покаже својот пејачки талент пред Жељко Јоксимовиќ, Александра Ковач, Тончи Хуљиќ и Масимо Савиќ, а како помина, гледачите ќе дознаат кон средината на март, кога ќе почне со емитување втората сезона на шоуто.

Наследничката на „лото девојката“ е многу популарна на социјалните мрежи.

suzana_1386255301_670x0

Пред две години сними спот за песната „Пола срца“ во кој се појавува Милан Калиниќ. Песната не беше забележана премногу.

Сузана Манчиќ за српските медиуми ја потврдила оваа информација.

Suzana Mancic

– Теодора ја има мојата поддршка. Се впушти во една голема авантура. Тоа ќе биде нејзина борба за „место под сонцето“. Ќе се држам на страна колку што можам. Натпреварувањето ќе го гледам од страна како обичен гледач и со цело срце ќе навивам за неа – рекла таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top