| четврток, 6 декември 2018 |

Дванаесет години од убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ

Денеска се навршуваат 12 години од убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, што беше извршено во дворот од српската влада.

На 12 март 2003 година, во 12.25 часот, на влегување во своето службено возило во дворот од зградата на српската Влада, Ѓинѓиќ беше погоден со куршум во градите, а неговиот телохранител во таа прилика беше ранет.

Ѓинѓиќ беше првиот премиер на Србија по падот на режимот на Слободан Милошевиќ, во 2000 година, и доаѓањето на власт на Демократската опозиција на Србија (ДОС).

Владата, на чие чело Ѓинѓиќ застана, беше избрана на 25 јануари 2001 година.

Сопругата на убиениот премиер Зоран Ѓинѓиќ, Ружица и синот Лука положија цвеќе и му одадоа почит на неговиот гроб во Алејата на великаните на Новите гробишта во Белград, пренесе Танјуг

Членовите на Владата на Србија, предводени од премиерот Александар Вучиќ, утринава му одадоа почит и положија венец на спомен-плочата во дворот на Владата.

Венец на местот на убиството положија и премиерот Вучиќ, а почест на Ѓинѓиќ му одадоа и министрите Ивица Дачиќ, Небојша Стефановиќ, Братислав Гашиќ, Расим Љајиќ, Кори Удовички, Александар Вулин, Срѓан Вербиќ.

– На годишнината од смртта на човекот кој тврдеше дека Србија ќе биде онаква каква самите ќе ја направиме, време е да престанеме да се делиме, барем околу она што беше цел на секого кој, во нашите поделби, го даде својот живот, напиша премиерот Вучиќ во пишаната изјава за медиумите по повод годишнината од убиствот на Зоран Ѓинѓиќ. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top