Големиот протест на албанската опозиција предводена од Демократската партија на актуелниот градоначалник на Тирана, Љуљзим Баша, мина мирно, без и најмал индцидент.
На третиот по ред масовен антивладен протест беше побарана оставка на владата на социјалистичкиот премиер Еди Рама, како и на претседателот на албанскиот парламент Илир Мета.
Според лидерот Баша, и двајцата се една банда олигарси поврзана со криминал.
– Тие се виновни за уназадување на економијата, сè потешкиот живот на нашите граѓани, корупцијата и организираниот криминал, кои ја зафатија земјата и чијшто дел се и тие. Ќе се протестира, сè додека тие не си одат до власта – порача Баша.
За назадување на економските процеси на земјата, како и за големата корупција и криминал во кој се вмешани и самите. Опозицијата најави нови протести. Протестот помина мирно.
На мирните протести, според организаторот, присуствувале повеќе десетици илјади граѓани.
Протестот се одржа под силно полициско обебзедување, зашто имаше најави за предизикување немири и инциденти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени
-
Се протестира во Молдавија за обединување со Романија