| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Граѓаните одлучуваат кој ќе биде во Влада, а не Заев

Nikola-Gruevski-123
Граѓаните одлучуваат кој ке биде во влада, а не лидерот на опозицијата Зоран Заев – смета премиерот Никола Груевски. Тој денеска потегот на СДСМ со таканаречените бомби го искоментира како обид да се убеди народот дека во пустина има планина.
-Тоа е исто како да се наоѓаме во пустина, а Заев сака да ни претстави дека има планина и во тоа да ги убеди граѓаните. Се обидува да создаде лажна слика дека граѓаните гласале со притисоци и закани – рече Груевски, додавајќи дека граѓаните знаат за кого гласале и немало никакви принуди.

– Слушам дека Зоран Заев бара некаква преодна влада и сакам да порачам дека за тоа одлучуваат македонските граѓани, а не Заев – вели Груевски.

-Тоа се покажа и на последните избори. Заев со креирани матерјали и со лажни бомби ја манипулира јавноста – додаде премиерот.

Тој истакна дека владата е секогаш подготвена и отворена за политички дијалог.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top