| четврток, 6 декември 2018 |

Дефинициjа за револуционерен дизаjн

Авто­мо­бил­ска­та ком­па­ни­ја „Ау­ди“ го откри изг­ле­дот на вто­ра­та ге­не­ра­ци­ја на мо­де­лот „Р8“, су­пе­ра­вто­мо­бил, кој офи­ци­јал­но ќе би­де прет­ста­вен на Са­е­мот за авто­мо­би­ли во Же­не­ва след­на­та сед­ми­ца

Од „Ау­ди“ со­оп­шту­ва­ат де­-ка но­ви­от „Р8“ е де­фи­ни­ци­ја за ре­во­лу­ци­о­не­рен ди­зајн. Пред­ни­от дел е со­се­ма сме­нет во од­нос на не­го­ви­от прет­ход­ник, а до­би но­ва ма­ска со ед­но­дел­на мре­же­ста ре­ше­тка на ла­дил­ни­кот. Од стра­на се по­ста­ве­ни фа­ро­ви со све­тил­ки со ЛЕД, а мо­же да се до­би­јат и ла­сер­ски фа­ро­ви, кои ја уд­во­ју­ва­ат вид­ли­во­ста до 600 ме­три.

Стра­нич­ни­от дел има за­кри­ве­на кон­ту­ра и истак­на­ти рам­ни ли­нии, со што се до­би­ва прет­ста­ва де­ка овој авто­мо­бил е по­долг и по­ди­на­ми­чен.

На зад­ни­от дел има све­тил­ки со ЛЕД, ка­ко и го­ле­ми отво­ри за вен­ти­ла­ци­ја, кои да­ва­ат по­си­лен изг­лед и склоп­лив за­ден спој­лер.

Audi-R8-006

Го­ле­ми­от ди­фу­зер е сме­стен ме­ѓу тра­пе­зо­ид­ни­те из­дув­ни це­вки, а зад­но­то стак­ло овоз­мо­жу­ва пре­кра­сен пог­лед на мо­то­рот. Во мо­де­лот „ау­ди Р8 плус“, пак, има фи­ксен спој­лер од пла­сти­ка, за­си­лен со кар­бон­ски влак­на.
„Ау­ди Р8“ ќе се ис­по­ра­чу­ва со по­до­брен ат­мо­сфер­ски мо­тор со де­сет ци­лин­дри и со за­фат­ни­на од 5,2 ли­три, кој про­из­ве­ду­ва 540 коњ­ски си­ли со 540 њутн-ме­три вр­те­жен мо­мент. Вто­ри­от мо­тор што ќе би­де вгра­ден во мо­де­лот „ ау­ди Р8 плус“ раз­ви­ва 610 коњ­ски си­ли со 560 њутн-ме­три вр­те­жен мо­мент.

Од 0 до 100 ки­ло­ме­три на час ос­нов­ни­от мо­дел за­бр­зу­ва за 3,5 се­кун­ди, со ма­кси­мал­на бр­зи­на од 320 ки­ло­ме­три на час. По­тро­шу­вач­ка­та из­не­су­ва про­сеч­ни 11,8 ли­три со еми­си­ја на штет­ни га­со­ви од 279 гра­ма на ки­ло­ме­тар. По­сил­ни­от мо­тор тро­ши 12,4 ли­три на 100 ки­ло­ме­три, а штет­ни­те га­со­ви из­не­су­ва­ат 289 гра­ма на ки­ло­ме­тар.

Audi-R8-001

Два­та мо­де­ла си­ла­та од мо­то­рот ја до­би­ва­ат пре­ку по­до­бре­ни­от се­дум­сте­пен авто­мат­ски ме­ну­вач со три раз­лич­ни мо­да и со ма­ну­ел­на кон­тро­ла. Си­ла­та се­ко­гаш се пре­не­су­ва на две­те оски во со­од­нос 90-10 про­цен­ти при нор­мал­но во­зе­ње, а по по­тре­ба пре­ку хи­дра­у­лич­но­то ква­чи­ло це­ла­та си­ла мо­же да се пре­на­со­чи на пред­ни­те тр­ка­ла. На зад­ни­от дел е мон­ти­ран ди­фе­рен­ци­јал со ме­ха­нич­ко зак­лу­чу­ва­ње, кој овоз­мо­жу­ва оп­ти­мал­но дви­же­ње при си­те ус­ло­ви на па­тот.

Авто­мо­би­лот во се­ри­ска опре­ма има 19-инч­ни алу­ми­ни­ум­ски бан­да­жи, но „Ау­ди“ овоз­мо­жи на овој мо­дел да се вгра­дат и 20-ин­чи тр­ка­ла.

За за­пи­ра­ње кај ос­нов­ни­от мо­дел „Р8“ се гри­жат че­лич­ни ди­ско­ви, до­де­ка кај мо­де­лот „Р8 плус“ има кар­бон­ско-ке­ра­мич­ки ди­ско­ви.

„Ау­ди Р8“ е по­ле­сен од прет­ход­ни­кот за 50 ки­ло­гра­ми и се­га из­не­су­ва 1.555, до­де­ка по­сил­на­та вер­зи­ја е уште по­лес­на и те­жи 1.454 ки­ло­гра­ми.

Audi-R8-003

Вна­треш­но­ста до­би но­ви се­ди­шта, кои се об­ло­же­ни со на­па или со ал­кан­та­ра, во за­вис­ност од жел­ба­та на ку­пу­ва­чот, а це­ли­от кок­пит е фо­ку­си­ран на во­за­чот, па ана­лог­ни­те коп­чи­ња се за­ме­не­ти со но­ви­от вир­ту­е­лен си­стем на „Ау­ди“, кој се ко­ри­сти пре­ку 12,3-инч­ни­от екран во бо­ја.

Вто­ра­та ге­не­ра­ци­ја на „ау­ди Р8“ ќе поч­не со про­даж­ба ле­то­во, а це­на­та на стан­дард­ни­от мо­дел из­не­су­ва 165.000 евра, до­де­ка мо­де­лот „плус“ ќе чи­ни око­лу 188.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top