| четврток, 6 декември 2018 |

Каролина со нова песна и турнеја

Нова песна и нов датум за турнејата „Смеј ми се, смеј“ на македонската пејачка Каролина Гочева. Турнејата, која минатото лето беше откажана поради ненадејната смрт на Даниел Милошевски од „Авалон“, ќе се одржи ова лето, беше најавено на денешната прес-конференција на продукцијата.

Точните термини за концертите сѐ уште не се познати, но локациите ќе останат исти од лани (античките театри во Битола и во Охрид и градскиот парк во Дојран), а турнејата ќе трае во јули и во август.

Новата песна, пак, која наскоро ќе биде промовирана, ќе биде во стилот на албумот „Македонско девојче“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top