| четврток, 6 декември 2018 |

Како кртот од НСА се криеше на московски аеродром? (1 дел)

Ед­вард Сно­у­ден се по­ја­ву­ва во жи­во­тот на Са­ра Ха­ри­сон на­ед­наш и не­на­деј­но во ју­ни 2013 го­ди­на. Ха­ри­сон би­ла во Мел­бурн, Ав­стра­ли­ја по­ра­ди ра­бот­ни об­вр­ски за „Ви­ки­ликс“. Асанж, кој бил во кон­такт со Сно­у­ден, ѝ се ја­вил ед­но по­не­дел­нич­ко утро. Со ог­лед на вре­мен­ска­та раз­ли­ка, Ха­ри­сон по­мис­ли­ла де­ка чо­ве­кот збо­ру­ва за пла­ни­на­та Сно­у­дон, ле­ген­да­рен врв во Велс, Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја...

„Ви­ки­ликс“ има мно­гу кри­ти­ча­ри што твр­дат де­ка кла­си­фи­ци­ра­ни­те до­ку­мен­ти се кла­си­фи­ци­ра­ни за до­бра при­чи­на. Но, Ха­ри­сон мис­ли де­ка јав­но­ста тре­ба да знае што пра­ви нив­на­та вла­да. Иа­ко „Ви­ки­ликс“ има мал пер­со­нал и рас­по­ла­га со мош­не мал бу­џет (го­лем број истак­на­ти фи­нан­си­ски ор­га­ни­за­ции, вклу­чу­вај­ќи ги и „Ви­за“, „Ма­стер­кард“ и „Пеј­пал“, од­би­ва­ат да про­це­си­ра­ат до­на­ции за ор­га­ни­за­ци­ја­та), ус­пеа да соз­да­де го­ле­ми ин­сти­ту­ци­о­нал­ни не­при­ја­те­ли, осо­бе­но од аме­ри­кан­ска­та вла­да.

– По­не­ко­гаш е по­лес­но да се би­де ча­мец откол­ку тан­кер – ре­че Ха­ри­сон.

Во исти­от час, кел­нер­ка­та до­не­се топ­ло ка­фе на ма­са­та. Ха­ри­сон, ко­ја­што збо­ру­ва­ше без пре­стан ре­чи­си еден час, бла­го се нас­мев­на и се заб­ла­го­да­ри за ка­фе­то.

Ве­чер­та оти­дов­ме до ед­на кан­це­ла­ри­ја во бли­зи­на за да се срет­не­ме со двај­ца чле­но­ви од со­ве­то­дав­ни­от ко­ми­тет на фон­да­ци­ја­та „Хра­брост“ со се­ди­ште во Бер­лин, Ре­на­та Авил­ја, ад­во­кат за чо­ве­ко­ви пра­ва од Гва­те­ма­ла, и Ан­ди Ми­лер Ма­гун, до­бро поз­нат гер­ман­ски ха­кти­вист. Во ед­на ма­леч­ка со­ба за со­ста­но­ци по­зај­ме­на од дру­га не­про­фит­на ор­га­ни­за­ци­ја, Ха­ри­сон го отво­ри лап­то­пот и на­бр­зи­на ја прег­ле­да сво­ја­та аген­да. На ѕи­дот зад неа бе­ше за­ка­чен по­стер од Че Ге­ва­ра.

Фон­да­ци­ја­та „Хра­брост“ сè уште е во фа­за на на­род­но дви­же­ње и има цел да со­бе­ре фи­нан­си­ски средс­тва. Ха­ри­сон е во про­цес на раз­ви­ва­ње мре­жа лу­ѓе што ќе ги шти­тат раз­о­ткри­ва­чи­те на тај­ни ин­фор­ма­ции. Таа, исто та­ка, пла­ни­ра да фор­ми­ра со­ве­то­да­вен си­стем за но­ви­на­ри за по­до­бру­ва­ње на нив­на­та без­бед­ност на ин­тер­нет и за­шти­та на нив­ни­те из­во­ри. Ха­ри­сон ја из­ве­сти гру­па­та де­ка ра­бо­ти на из­ја­ва за под­др­шка на Сно­у­ден, ко­ја ќе би­де об­ја­ве­на на­ско­ро и пот­пи­ша­на од поз­на­ти лич­но­сти ка­ко Су­зан Са­ран­дон, МИА и Ал­фон­со Ку­а­рон. Таа, исто та­ка, актив­но ре­гру­ти­ра но­ви чле­но­ви на со­ве­то­дав­ни­от од­бор, а ме­ѓу нај­но­ви­те се и Над­ја То­ло­ко­ни­ко­ва и Ма­ша Ал­јо­хи­на од ру­ска­та панк-гру­па „Пу­си ра­јот“.

Го­лем дел од раз­го­во­рот со Ави­ља и со Ми­лер Ма­гун вклу­чу­ва­ше пра­ве­ње стра­те­ги­ја за тоа кој друг би мо­жел да се прик­лу­чи на нив­на­та ка­у­за. Не­кој спом­на де­ка Леј­ди Га­га ед­наш пи­е­ла чај со Асанж во Ам­ба­са­да­та на Еква­дор – мо­же­би ќе мо­же да се при­ста­пи кон неа. Исто та­ка, има­ше ди­ску­си­ја за тоа ка­ко да се прис­по­со­би ос­нов­на­та веб-стра­ни­ца на фон­да­ци­ја­та за бр­зо об­ја­ву­ва­ње на но­ви­те при­каз­ни на раз­о­ткри­ва­чи­те, вклу­чу­вај­ќи и но­во про­зор­че за при­фа­ќа­ње до­на­ции. Ха­ри­сон ја на­у­чи­ла таа лек­ци­ја на ае­ро­дро­мот во Мос­ква при обид да по­мог­не да се фор­ми­ра од­бран­бен фонд за Сно­у­ден.

– Бан­кар­ски­те сме­тки се под­го­тве­ни, мо­же да се поч­не за не­кол­ку де­на, ако не и за не­кол­ку ча­са – им ка­жа таа на дру­ги­те со си­гур­ност во гла­сот.

Ед­вард Сно­у­ден се по­ја­ву­ва во жи­во­тот на Са­ра Ха­ри­сон на­ед­наш и не­на­деј­но во ју­ни 2013 го­ди­на. Ха­ри­сон би­ла во Мел­бурн, Ав­стра­ли­ја по­ра­ди ра­бот­ни об­вр­ски за „Ви­ки­ликс“. Асанж, кој бил во кон­такт со Сно­у­ден, ѝ се ја­вил ед­но по­не­дел­нич­ко утро. Со ог­лед на вре­мен­ска­та раз­ли­ка, Ха­ри­сон по­мис­ли­ла де­ка чо­ве­кот збо­ру­вал за пла­ни­на­та Сно­у­дон, ле­ген­да­рен врв во Велс, Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја. Би­деј­ќи Мел­бурн е при­лич­но бли­ску до Хонг Конг и Ха­ри­сон го поз­на­ва­ла гра­дот, таа вед­наш трг­на­ла тај­но да ги ис­пи­та стран­ски­те ам­ба­са­ди и да доз­нае кои зем­ји би мо­же­ле да му да­дат азил на Сно­у­ден.

Се сме­е­ше, при­се­ќа­вај­ќи се на мо­мен­тот ко­га за­ми­на­ла за Хонг Конг. По­ло­ви­на од ба­га­жот го оста­ви­ла во Мел­бурн, мис­леј­ќи де­ка ќе се вра­ти на­ско­ро. Но, еве ре­чи­си две го­ди­ни по­доц­на, Ха­ри­сон ни­ту се вра­ти­ла ни­ту, пак, отиш­ла во Ав­стра­ли­ја, ка­де што се на­о­ѓа остaна­ти­от дел од неј­зи­ни­те пред­ме­ти.

– Имам об­ле­ка на­се­ка­де – ве­ли таа.

Ха­ри­сон ве­ли де­ка за три­на­е­сет де­на по­ми­на­ти во Хонг Конг, се кон­сул­ти­ра­ла со раз­лич­ни ад­во­ка­ти за комп­лекс­но­ста на си­ту­а­ци­ја­та на Сно­у­ден, а во ме­ѓу­вре­ме и Асанж ра­бо­тел на не­го­ви­те вр­ски со еква­дор­ска­та вла­да за да до­бие дип­ло­мат­ска за­шти­та за па­ту­ва­ња­та на кр­тот на НСА. „Ви­ки­ликс“, ве­ли таа, ре­зер­ви­ра­ла по­ве­ќе од де­се­ти­на раз­лич­ни ле­то­ви за Ха­ри­сон и за Сно­у­ден, со на­деж да им из­бе­га­ат на го­ни­те­ли­те.

– Сно­у­ден, исто та­ка, ку­пи би­лет за Ин­ди­ја со сво­ја кре­дит­на кар­тич­ка. На­пор­но ра­бо­тев­ме да оста­ви­ме кол­ку што е мож­но по­ве­ќе лаж­ни тра­ги. Тоа бе­ше еден ужа­сен пер­и­од. Са­мо се на­де­вав де­ка сè ќе из­ле­зе во нај­до­бар ред – ве­ли таа. Ха­ри­сон му го да­ла те­ле­фон­ски­от број на неј­зи­ни­те ро­ди­те­ли на еден од ад­во­ка­ти­те за да кон­та­кти­ра со нив ако не­што трг­не на­о­па­ку.

– Таа на­ви­сти­на се ста­ва се­бе­си на коц­ка – ве­ли Ла­у­ра По­и­трас, ре­жи­сер­ка­та што го сни­ма­ше Сно­у­ден во не­го­ва­та хо­тел­ска со­ба сè до де­нот ко­га го откри сво­јот иден­ти­тет пред јав­но­ста, по што таа мо­ра­ше да се пов­ле­че за да не го из­ло­жи на опас­ност.

– Ха­ри­сон ја има­ше по­треб­на­та ком­би­на­ци­ја од цвр­сти­на и уве­ре­ност за да го изв­ле­че од Хонг Конг. Таа е страш­но ин­те­ли­гент­на и истрај­на лич­ност. И мно­гу мо­ти­ви­ра­на од сопс­тве­ни­те прин­ци­пи – ве­ли По­и­трас.

Ха­ри­сон ве­ли де­ка, ко­неч­но, го за­поз­на­ла Сно­у­ден ед­но не­дел­но утро ко­га за­ед­но се ка­чи­ле во авто­мо­бил и се упа­ти­ле кон ае­ро­дро­мот. Таа би­ла об­ле­че­на во фар­мер­ки и апо­стол­ки, а и Сно­у­ден бил ле­жер­но об­ле­чен. Це­ла­та иде­ја би­ла да изг­ле­да­ат ка­ко мла­да двој­ка што трг­на­ла на од­мор. Во­зеј­ќи се кон ае­ро­дро­мот, ед­вај раз­ме­ни­ле не­кол­ку збо­ра.

– Мно­гу бев нер­воз­на и раз­мис­лу­вав за след­ни­те че­ко­ри – се при­се­ќа­ва таа.

Се ка­чи­ле на ави­он на ком­па­ни­ја­та „Ае­роф­лот“ за Мос­ква, и по по­ле­ту­ва­ње­то Сно­у­ден ѝ се обра­тил на Ха­ри­сон со збо­ро­ви­те: „Не оче­ку­вав де­ка ’Ви­ки­ликс’ ќе ис­пра­ти нин­џа за да ме изв­ле­че“.

Ха­ри­сон ве­ли де­ка со Сно­у­ден сле­та­ле во Мос­ква и отиш­ле да се при­ја­ват за след­ни­от лет, но не­го­ви­от па­сош ве­ќе бил отка­жан. По­ра­ди „без­бед­нос­ни при­чи­ни“, не да­де де­та­ли за тоа ка­де пре­сто­ју­ва­ле во де­но­ви­те што сле­ду­ваа ка­жу­вај­ќи са­мо де­ка де­ле­ле ед­на со­ба без про­зор­ци, пер­е­ле али­шта во ми­јал­ник, гле­да­ле фил­мо­ви на нив­ни­те лап­то­пи и за бр­зо вре­ме им здо­де­а­ла хра­на­та од ае­ро­дро­мот.

– Ако не­ко­гаш изе­дам уште еден оброк од „Бур­гер кинг“, ќе умрам – ве­ли таа. Ин­тим­но­ста на си­ту­а­ци­ја­та мо­же­би би­ла не­при­јат­на, но до­бро ос­мис­ле­на.

– Ако му се слу­че­ше не­што, јас бев та­му ка­ко све­док – ве­ли Ха­ри­сон до­да­вај­ќи де­ка „Ви­ки­ликс“, со неј­зи­на­та спо­соб­ност да до­пре до по­ши­ро­ка­та јав­ност, им пос­лу­жи­ла ка­ко фор­ма на за­шти­та.

„Ќе се по­гри­жев­ме све­тот да доз­нае“. Таа твр­ди де­ка сло­бод­но си ше­та­ла по тер­ми­на­ли­те на ае­ро­дро­мот и по­крај тол­па­та ме­ди­у­ми рас­штр­ка­ни низ ае­ро­дро­мот.
– Де­вој­ки­те мал­ку по­лес­но се вкло­пу­ва­ат во око­ли­на­та – рас­ка­жу­ва таа ве­леј­ќи де­ка со­би­ра­ње­то на неј­зи­на­та ка­дра­ва ко­са во кок пос­лу­жи­ло ка­ко до­бра ма­ска.

Ха­ри­сон го опи­шу­ва при­ја­телс­тво­то со Сно­у­ден ка­ко ко­ле­ги­јал­но. Тоа што ја ма­чи најм­но­гу се об­ви­ну­ва­ња­та де­ка ја пре­дал сво­ја­та зем­ја. И таа и Сно­у­ден има­ат ка­жа­но де­ка ру­ски раз­уз­на­ва­чи му при­ста­пи­ле за вре­ме на нив­ни­от пре­стој на „Ше­ре­мет­је­во“, но де­ка тој ги од­бил.

– Тој е да­ле­ку од пре­дав­ник и шпи­он – ве­ли Ха­ри­сон. Ше­гу­вај­ќи се таа рас­ка­жа ка­ко Сно­у­ден го ци­ти­рал Уста­вот на САД тол­ку че­сто во нив­ни­те раз­го­во­ри во вр­ска со се­оп­фат­ни­те про­гра­ми на НСА што на крај ѝ ста­на­ле мно­гу здо­дев­ни. Ше­га­та на­стра­на, таа ве­ли де­ка тој е нај­го­ле­ми­от аме­ри­кан­ски па­три­от што не­ко­гаш го срет­на­ла.

Ја­коб Апел­ба­ум, аме­ри­кан­ски но­ви­нар и истра­жу­вач за комп­ју­тер­ска без­бед­ност со се­ди­ште во Бер­лин, ве­ли де­ка Ха­ри­сон е ка­ко не­кој не­о­пе­ан хе­рој.

– Таа го спа­си жи­во­тот на Сно­у­ден – ве­ли тој истак­ну­вај­ќи де­ка пра­ктич­но се­га таа е „во ег­зил“ во Бер­лин.

Са­ми­от Сно­у­ден е све­сен де­ка, де­лум­но, по­све­те­но­ста на Ха­ри­сон на не­го­ва­та ка­у­за е тоа што го изв­лек­ло од опас­ност. Во еле­ктрон­ска по­ра­ка ис­пра­те­на од Ру­си­ја, тој ми ре­че де­ка не­го­ви­те ад­во­ка­ти пр­вич­но го ин­фор­ми­ра­ле оти мно­гу е опас­но за се­кој што са­ка да му по­мог­не и де­ка се­кој во ра­ди­ус од три ки­ло­ме­три ќе би­де под сом­не­ние. Но, се­пак, Ха­ри­сон во­лон­ти­ра­ла. Таа мо­же­ла да за­ми­не од Мос­ква во се­кое вре­ме, но из­бра­ла да оста­не, не са­мо на не­кој ден или на не­ко­ја не­де­ла, ту­ку на не­кол­ку ме­се­ци. Спо­ред Сно­у­ден, тоа мно­гу го­во­ри за неј­зи­ни­от ка­ра­ктер.

– Са­ра не доз­во­лу­ва зап­ла­шу­ва­ња­та да ѝ вли­ја­ат на од­лу­ки­те. Ако не­кој се оби­де да ја при­си­ли да из­би­ра ме­ѓу га­зе­ње­то на сопс­тве­ни­те прин­ци­пи или да би­де спа­ле­на на кла­да, мис­лам де­ка таа ќе му по­да­де ки­брит – из­ја­ви Сно­у­ден.

Sarah-Harrison-svet131

Пос­лед­на­та ноќ во Бер­лин, оти­дов­ме со Ха­ри­сон на гер­ман­ска­та пре­ми­е­ра на „Гра­ѓа­ни­нот Че­ти­ри“, ко­ја се одр­жа во еден убав те­а­тар во бли­зи­на на Але­ксан­дерп­лац. Бе­ше пре­полн со лу­ѓе од тех­но­ло­шки­те и од акти­ви­стич­ки­те за­ед­ни­ци во Бер­лин. Ме­ѓу нив, Ха­ри­сон, об­ле­че­на во здол­ни­ште и еден пар ви­сеч­ки обе­тки, при­ма­ше пре­гра­тки и се ра­ку­ва­ше. Ту­ка бе­ше и Ла­у­ра По­и­трас, со скро­мен и по мал­ку умо­рен изг­лед. Фил­мот ве­ќе ја има­ше сво­ја­та пре­ми­е­ра во Лон­дон, Лос Ан­џе­лес и во Њу­јорк, а кон кра­јот на фе­вру­а­ри ќе се еми­ту­ва­ше и на „Ејџ-Би-О“.

Не­воз­мож­но е да се открие да­ли има­ше ци­ни­зам во бер­лин­ска­та тол­па во вр­ска со Сно­у­ден. Гер­ма­ни­ја, ге­не­рал­но, по­ка­жа по­го­ле­ма при­ем­ли­вост за ка­у­за­та на Сно­у­ден од дру­ги­те зем­ји, осо­бе­но од САД, ка­де што мис­ле­ња­та се по­де­ле­ни. По­сто­јат ин­фор­ма­ции за гер­ман­ски до­мо­ви што ста­ва­ат зна­ци на кои пи­шу­ва „имам кре­вет за Ед“.

Свет­ла­та во те­а­та­рот поч­наа да се за­тем­ну­ва­ат, Ха­ри­сон ста­ви еден пар очи­ла и удоб­но се сме­сти во сво­е­то се­ди­ште. Не­кој ѝ по­да­де ча­ша шам­пањ, пив­на од ча­ша­та во мра­кот, фил­мот поч­на и по не­кое вре­ме на екра­нот се по­ја­ви ли­це­то на Ед­вард Сно­у­ден. Фил­мот ре­чи­си це­лос­но е сни­ман во вна­треш­но­ста на хо­тел­ска со­ба во Хонг Конг. Сно­у­ден на­ста­пу­ва ка­ко вни­ма­тел­на, ин­те­ли­гент­на и по­све­те­на лич­ност ко­ја е из­ло­же­на на огро­мен при­ти­сок. Фил­мот за­вр­шу­ва ток­му во мо­мен­тот ко­га вле­гу­ва Ха­ри­сон.

Вед­наш до ме­не, Ха­ри­сон не ре­че ни­што, а пуб­ли­ка­та, очиг­лед­но, трог­на­та од сме­ло­ста на раз­о­ткри­ва­чот, во­о­ду­ше­ве­но ап­ла­у­ди­ра­ше. Ко­га ја пра­шав да­ли чо­ве­кот на екра­нот го при­ка­жу­ва чо­ве­кот со ко­го таа по­ми­на че­ти­ри ме­се­ци, чи­ја­што ма­ка де­фи­ни­тив­но ја има­ше сме­не­то и неа, по­тврд­но ким­на со гла­ва­та.

– Тоа е тој – ре­че таа. Прет­ход­но, таа ми ка­жа де­ка дел од при­чи­на­та зо­што оста­на­ла со Сно­у­ден би­ла да му по­мог­не да ста­не сим­бол, да им по­ка­же на дру­ги­те де­ка е воз­мож­но да се про­го­во­ри јав­но и да се жи­вее сло­бод­но.

По­сто­е­ше чув­ство на по­бе­да во неј­зи­ни­от глас до­де­ка го ка­жу­ва­ше тоа.

– Не ве­лам де­ка Сно­у­ден се на­о­ѓа во нај­до­бра­та си­ту­а­ци­ја во све­тот, но важ­но е сло­бо­ден – ре­че таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top