| четврток, 6 декември 2018 |

Валијанатос: Со името оди и името на нациjата и идентитетот

Доз­во­ле­те ми да ве по­тсе­там де­ка проб­ле­мот не е са­мо име­то би­деј­ќи си­те ве­ќе зна­е­ме де­ка вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја ја пре­зе­де це­лос­на­та аген­да од дру­ги­те две во­деч­ки грч­ки пар­тии, вклу­чи­тел­но и пра­ша­ња­та за ма­ке­дон­ски­от иден­ти­тет, кул­ту­ра и ја­зик. Тоа е че­кор на­на­зад

Гри­го­рис Ва­ли­ја­на­тос е ли­дер на ед­на од ре­тки­те грч­ки по­ли­тич­ки пар­тии што за свој при­о­ри­тет го има по­ста­ве­но кла­сич­ни­от ли­бе­ра­ли­зам во кој цр­ква­та мо­ра да се од­вои од др­жа­ва­та, по­стои за­дол­жи­тел­но слу­же­ње во ар­ми­ја­та, се за­ла­га­ за де­кри­ми­на­ли­за­ци­ја на ко­ри­сте­ње­то лес­ни дро­ги и др. Овој по­ра­не­шен со­вет­ник на по­ра­неш­ни­от пре­тсе­да­тел на ПА­СОК Јор­го Па­пан­дреу, кој мо­ра­ше да се пов­ле­че од со­вет­нич­ко­то ме­сто отка­ко јав­но про­го­во­ри де­ка Ма­ке­до­ни­ја има пра­во да се на­ре­ку­ва ка­ко што се чув­ству­ва, е еден од во­деч­ки­те бор­ци за чо­ве­ко­ви пра­ва во Гр­ци­ја. Вклу­чен е во ни­за слу­чаи на од­бра­на на ли­ца што се про­го­ну­ва­ат по­ра­ди нив­на­та ет­нич­ка, вер­ска или се­ксу­ал­на при­пад­ност. Ва­жи за еден од најв­ли­ја­тел­ниte грч­ки ин­те­ле­кту­ал­ци и, за раз­ли­ка од дру­ги­те грч­ки по­ли­тич­ки фи­гу­ри од дес­ни­ца­та или од ле­ви­ца­та, се­ко­гаш е под­го­твен јав­но да збо­ру­ва за отво­ре­ни­те пра­ша­ња.

 

Ко­ја е дол­го­роч­на­та перс­пе­кти­ва за Гр­ци­ја ка­ко член­ка на евро­зо­на­та? Да­ли но­ва­та вла­да ќе ус­пее да ги за­до­во­ли парт­не­ри­те од евро­гру­па­та и исто­вре­ме­но да ги ис­пол­ни ве­ту­ва­ња­та што ги да­де за вре­ме на из­бор­ни­от пер­и­од?
ВА­ЛИ­ЈА­НА­ТОС: Дол­го­роч­на­та перс­пе­кти­ва за Гр­ци­ја ка­ко член­ка на евро­зо­на­та со се­гаш­на­та вла­да од ра­ди­кал­на­та ле­ви­ца, за­ед­но со ек­стрем­на­та дес­ни­ца, зна­чи се­ри­оз­ни про­ме­ни во по­ли­тич­ка­та аген­да што ѝ бе­ше прет­ста­ве­на на грч­ка­та јав­ност пред из­бо­ри­те.

Те­ков­на­та аген­да прет­ста­ву­ва ком­би­на­ци­ја од со­ци­ја­ли­стич­ка еко­но­ми­ја со мал­ку ху­ма­ни­зам, рас­и­зам и со на­ци­о­на­ли­зам. СИ­РИ­ЗА се за­ла­га за то­ле­ран­ци­ја и за не­ди­скри­ми­на­ци­ја, а пар­ти­ја­та Не­за­вис­ни Гр­ци за на­ци­о­на­ли­зам и за ксе­но­фо­би­ја.

И на но­ва­та вла­да и на „трој­ка­та“ се­га им е јас­но де­ка по­стои раз­ли­ка во на­чи­нот на кој се гле­да еко­но­ми­ја­та. Европ­ски­те зем­ји под акту­ел­но­то по­ли­тич­ко прет­став­ниш­тво во Европ­ски­от пар­ла­мент не се под­го­тве­ни за то­ле­ран­ци­ја и за пре­го­ва­ра­ње за со­ци­јал­но-еко­ном­ско екс­пе­ри­мен­ти­ра­ње во евро­зо­на­та, вклу­чу­вај­ќи ги отсус­тво­то на при­ва­ти­за­ци­ја и на­ма­лу­ва­ње­то на јав­ни­от се­ктор и сло­бод­на па­зар­на еко­но­ми­ја што е за­лож­ник на си­ви и на тај­ни здру­жу­ва­ња, цр­н па­зар и на раз­лич­ни ма­фии.

Евро­зо­на­та не­ма да прос­пе­ри­ра сѐ до­де­ка грч­ка­та вла­да не ја про­ме­ни по­ли­ти­ка­та.

 

Кол­ку е ре­ал­на мож­но­ста за из­ле­гу­ва­ње на Гр­ци­ја од евро­зо­на­та? Да­ли по­стои мож­ност зем­ја­та, во нај­лош слу­чај, да ја на­пу­шти ЕУ?
ВА­ЛИ­ЈА­НА­ТОС: Ве­ту­ва­ња­та да­де­ни за вре­ме на из­бо­ри­те ѝ при­па­ѓа­ат на ед­на не­ус­пеш­на ла­тин­ско­а­ме­ри­кан­ска др­жа­ва­та, за­чи­не­та со европ­ски ху­ма­ни­зам, без европ­ски­от при­стап кон би­ро­кра­ти­ја­та и кон во­де­ње­то биз­нис.
Освен фа­ктот де­ка ло­шо се со­о­чу­ва со ек­стрем­на­та си­ро­ма­шти­ја и стра­да­ње, што до­бро го зна­ат и дру­ги­те европ­ски парт­не­ри, се чи­ни де­ка но­ва­та грч­ка вла­да не сфа­ќа како се „прават“ пари во ед­на мо­дер­на зем­ја од евро­зо­на­та. Се надевам дека овој модел заедно со сегашната реторика ќе бидат заменети со прагматичен пристап кон “Aquis Communautaire” (концептот на ЕУ кој ги опфаќа сите легислативи и договори) каков што видовме деновиве. Тре­ба да се на­пу­штат би­ро­кра­ти­ја­та, стариот и комп­ли­ку­ван да­но­чен си­стем и не­си­гур­ност.

Се­ко­гаш по­стои мож­ност за из­ле­гу­ва­ње на Гр­ци­ја од евро­зо­на­та, сѐ до­де­ка но­ва­та вла­да не го об­јас­ни глав­ни­от план за прив­ле­ку­ва­ње стран­ски при­ват­ни ин­ве­сти­ции, единс­тве­ни­от из­вор за соз­да­ва­ње но­ви ра­бот­ни ме­ста во Евро­па.

На­пу­шта­ње­то на ЕУ, исто та­ка, е мож­но во слу­чај но­ва­та ад­ми­ни­стра­ци­ја да не­ма раз­би­ра­ње за об­вр­ски­те што про­из­ле­гу­ва­ат од до­го­во­ри­те и од ме­мо­ран­ду­ми­те.

 

Кол­ку има се­ри­оз­ност во ана­ли­зи­те де­ка во слу­чај на вло­шу­ва­ње на од­но­си­те со ЕУ, СИ­РИ­ЗА ќе се приб­ли­жи кон Мос­ква? Да­ли фа­ктот де­ка пр­ви­от со­ста­нок на Ци­прас ка­ко пре­ми­ер бе­ше со ру­ски­от ам­ба­са­дор во Ати­на го на­ве­сту­ва тоа?
ВА­ЛИ­ЈА­НА­ТОС: Шпе­ку­ла­ци­и­те за поб­ли­ска грч­ко-ру­ска фи­нан­си­ска ме­ѓу­за­вис­ност не ус­пе­ва­ат да се до­ка­жат би­деј­ќи се­кој втор обид за та­ква евен­ту­ал­ност па­ѓа во во­да спо­ред ви­со­ки ру­ски прет­став­ни­ци, кои ука­жу­ва­ат на це­лос­на усог­ла­се­ност на грч­ка­та вла­да со европ­ски­те ре­фор­ми и по­ли­ти­ка.

Сред­би­те на ви­со­ко ни­во ме­ѓу Ру­си­ја и грч­ки­те фун­ци­о­не­ри слу­жат са­мо за вна­треш­на упо­тре­ба.

 

Grigoris-Vallianatos-int131-2

 

Аме­ри­кан­ски­от др­жа­вен се­кре­тар Џон Ке­ри не­о­дам­на из­ја­ви де­ка Ма­ке­до­ни­ја, Ср­би­ја, Цр­на Го­ра и Мол­да­ви­ја се на­о­ѓа­ат на ли­ни­ја на ог­нот ме­ѓу САД и Ру­си­ја. Што сме­та­те де­ка прет­ста­ву­ва за­ка­на за ста­бил­но­ста на ре­ги­о­нот имај­ќи ги пред­вид пре­диз­ви­ци­те во Ко­со­во, Ре­пуб­ли­ка Срп­ска, тур­ско-грч­ки­от спор во Егеј­ско Мо­ре, спо­рот за име­то со Ма­ке­до­ни­ја итн.
ВА­ЛИ­ЈА­НА­ТОС: По­ли­тичкaта рам­но­те­жа во по­го­ле­ми­те зем­ји од Бал­ка­нот не се ме­ну­ва сѐ до­де­ка ма­ли­те др­жа­ви во ре­ги­о­нот не го нај­дат па­тот до европ­ски­те ин­сти­ту­ции и во тој слу­чај мо­же бр­зо да се сме­ни.

Се чи­ни де­ка ни­ту ЕУ ни­ту Ру­ска­та Фе­де­ра­ци­ја не се под­го­тве­ни да пре­зе­мат но­ви ини­ци­ја­ти­ви со по­и­на­ква по­ли­ти­ка од до­се­гаш­на­та со цел да се ре­шат ре­ги­о­нал­ни­те спо­ро­ви што се во за­стој.

 

Мо­же­ме ли да оче­ку­ва­ме не­ка­кво прид­ви­жу­ва­ње во пог­лед на пра­ша­ње­то за име­то отка­ко Ци­прас ко­а­ли­ци­ра­ше со ли­де­рот на Не­за­вис­ни­те Гр­ци, Панос Ка­ме­нос, кој има мош­не тврд став за проб­ле­мот со Ма­ке­до­ни­ја?
ВА­ЛИ­ЈА­НА­ТОС: СИ­РИ­ЗА по­ра­но бе­ше мно­гу отво­ре­на и не­на­ци­о­на­ли­стич­ка пар­ти­ја, ба­рем до­де­ка бе­ше ма­ла и сла­ба за да вли­јае на над­во­реш­на­та по­ли­ти­ка. Подм­ла­до­кот на СИ­РИ­ЗА и до­бро поз­на­ти­от Се­ктор за чо­ве­ко­ви пра­ва се­га не са­мо што се за­мол­че­ни, ту­ку се и „дис­цип­ли­ни­ра­ни“ ко­га се ра­бо­ти за др­жав­на по­ли­ти­ка, по­себ­но за Тур­ци­ја и за пра­ша­ње­то за име­то на Ма­ке­до­ни­ја.

Доз­во­ле­те ми да ве по­тсе­там де­ка проб­ле­мот не е са­мо име­то би­деј­ќи си­те ве­ќе зна­е­ме де­ка вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја ја пре­зе­де це­лос­на­та аген­да од дру­ги­те две во­деч­ки грч­ки пар­тии, ту­ку и пра­ша­ња­та за ма­ке­дон­ски­от иден­ти­тет, кул­ту­ра и ја­зик. Тоа е че­кор на­на­зад.

 

Ка­де би ста­ви­ла СИ­РИ­ЗА цр­ве­на ли­ни­ја ко­га се ра­бо­ти за пра­ша­ње­то за име­то? Има ли не­кој скри­ен став, кој би мо­же­ла да го спро­ве­де на­ред­ни­те че­ти­ри го­ди­ни? Ед­на не­де­ла по ина­у­гу­ра­ци­ја­та, Ци­прас и Ни­ко­ла Гру­ев­ски имаа те­ле­фон­ски раз­го­вор. Да­ли тоа мо­же да би­де до­бра по­чет­на точ­ка за по­до­бру­ва­ње на од­но­си­те ме­ѓу две­те зем­ји?
ВА­ЛИ­ЈА­НА­ТОС: Се чи­ни де­ка „цр­ве­ни­те ли­нии“ на СИ­РИ­ЗА во мо­мен­тов се Не­за­вис­ни­те Гр­ци, што е иден­тич­но со ста­ра­та по­ли­ти­ка – ед­но име за ер­га ом­нес, вклу­чу­вај­ќи и ге­о­граф­ска одред­ни­ца „Се­вер­на“, иа­ко Не­за­вис­ни­ Гр­ци се сог­ла­су­ва­ат со Ан­до­нис Са­ма­рас за це­лос­на упо­тре­ба на збо­рот „Ма­ке­до­ни­ја“ во име­то, ка­ко, на при­мер, се­гаш­ни­от на­зив ПЈРМ.
Ма­ко­трп­на­та фи­нан­си­ска би­тка на два­та парт­не­ра за Гр­ци­ја да се изв­ле­че од кри­за­та не оста­ва про­стор за на­пре­док по тоа пра­ша­ње. Ка­ква би­ло про­ме­на би зна­че­ла и фи­нан­си­ска и по­ли­тич­ка ста­бил­ност во зем­ја­та, што се­га не е слу­чај.

 

Ка­ква за­ед­нич­ка ко­рист би има­ле две­те зем­ји од ре­ша­ва­ње на спо­рот за име­то? Мо­же ли „Тур­ски тек“ да би­де до­во­лен мо­тив за по­стиг­ну­ва­ње до­бри од­но­си, ба­рем во не­по­ли­тич­ки кон­текст? Вла­сти­те од две­те зем­ји има­ат мно­гу ма­ла офи­ци­јал­на ко­му­ни­ка­ци­ја.
ВА­ЛИ­ЈА­НА­ТОС: Ту­риз­мот, де­лов­ни­те од­но­си и сту­дент­ски­те пра­ша­ња би мо­же­ле да вли­ја­ат на од­но­си­те. Сè дру­го би се од­ви­ва­ло са­мо под при­ти­сок од ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца.
Тур­ски тек“ е, де­фи­ни­тив­но, од за­е­мен ин­те­рес и при­чи­на за по­го­ле­ма то­ле­ран­ци­ја, ако ус­пее про­е­ктот.

 

Зо­што грч­ки­те функ­ци­о­не­ри не са­ка­ат сред­би со сво­и­те ма­ке­дон­ски ко­ле­ги? По­ра­неш­ни­от пре­тсе­да­тел Карлос Па­пу­љас од­би три пис­ме­ни по­ка­ни од пре­тсе­да­те­лот Ѓорге Ива­нов. Пре­ми­е­рот Са­ма­рас, исто та­ка, од­би та­кви сред­би. Мо­же ли да оче­ку­ва­ме де­ка но­ви­те грч­ки ли­де­ри ќе има­ат жел­ба да сед­нат и отво­ре­но да раз­го­ва­ра­ат за проб­ле­ми­те?
ВА­ЛИ­ЈА­НА­ТОС: Не би ја иск­лу­чил мож­но­ста за про­ме­на на ста­вот за при­сус­тво на грч­ки функ­ци­о­не­ри и по­ли­ти­ча­ри во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Са­ма­та СИ­РИ­ЗА е мно­гу по­о­тво­ре­на за ме­ѓу­на­род­на со­ра­бо­тка откол­ку со­ци­ја­ли­сти­те од ПА­СОК и на­ци­о­на­ли­сти­те од Неа де­мо­кра­ти­ја.

 

Разговараше: Горан Момироски
(Интервјуто со Григорис Валијанатос е објавено во 131. број на неделникот Република, 6.03.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top