Прилепската полиција поднесе кривична пријава за насилство против четворица прилепчани, К.П.(21), Б.П.(25), О.Т.(23) и Ј.Д.(26).
На 25 јануари на прилепскиот плоштад „Методија Андонов Ченто“, додека двајца браќа оделе кон дома, без повод и причина биле физички нападнати од страна на пријавените удирајќи ги со тупаници и клоци, при што им нанеле телесни повреди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.