| четврток, 6 декември 2018 |

ЕП му го одзеде имунитетот на Сергеј Станишев, кој дојде во Скопје да му даде поддршка на Заев

станишев

Европскиот парламент вчера го повлече имунитетот на Сергеј Станишев, поранешен премиер на Бугарија кој исто така е претседател на Партијата на европските социјалисти, за да дозволи неговата земја да покрене обвинение против него поради губење на тајни документи. Станишев беше избран за претседател на партијата во 2012 година, но ја презеде таа функција уште во 2011 година кога неговиот претходник Расмусен се повлече.

-Европскиот парламент одлучи да го повлече имунитетот на Сергеј Станишев, се вели во одлуката на Парламентот, каде се додава дека барањето за повлекување на имунитетот е поднесено од јавниот обвинител на Бугарија – објави „Еуроактив“.

Станишев во јули 2010 година беше обвинет за губење на документи во кои имало државни тајни, вели обвинителството во Софија. Доколку биде прогласен за виновен, Станишев, кој беше премиер од 2005 до 2009 година, може да се соочи со затворска казна од две години или парична казна.

Обвинителството го обвини Станишев за „губење на седум документи во периодот помеѓу ноември 2005 година и септември 2009 година“. Документите биле предадени на поранешниот премиер кој требал да ги потпише, но никогаш не биле вратени кај Станишев, вели обвинителот.

Делегација на Партијата на европските социјалисти предводена токму од претседателот Станишев на 25-ти февруари оствари средба со раководството на најголемата опозициска партија во земјава и му даде поддршка на Заев за актуелните случувања околу аферата „Пуч“.

По средбата со Заев, Станишев изрази загриженост поради моменталната политичка состојба во Македонија и повика земјата да ги следела критериумите од Копенхаген, нешто што се очекувало од земја кандидат за членство во ЕУ.

-Нема преговори за високите политички критериуми како слободата на судството, слободата на медиумите, слободата на говорот и секако слободата на опозицијата да ја критикува владата. Загрижени сме за обвинувањата упатени кон лидерот на опозицијата, господинот Зоран Заев – рече Станишев.

Само две недели по ваквата негова изјава во Скопје и отворената поддршка до опозицискиот лидер Заев, денеска од Брисел пристигнува информацијата дека Европскиот парламент му го одзел пратеничкиот имунитет на Станишев, поради како што објави „Еуроактив“, “да се дозволи неговата земја да покрене обвинение против него поради губење на тајни документи“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top