Албанската опозиција, предводена од Демократската партија на актуелниот градоначалник на Тирана, Љуљзим Баша, денеска повторно организира масовни антивладини протести.
– Како и претходните, и овој протест ќе биде мирен. За разлика од другите досега организирани протести, очекуваме овој да биде најмасовен бидејќи незадоволството кај народот е сѐ поголемо. Главното барање е заминување на Владата на Еди Рама, која ги доведе граѓаните до питачки стап – соопшти опозициската Демократска партија.
Албанската полиција најавениот протест го оцени како настан од висок ризик и затоа поготви посебен план со безбедносни мерки.
Медиумите наведуваат дека генералниот директор на полицијата Артан Дади наредил полицајците да не носат оружје, туку гумени палки. Сепак нема точна инфоирмација колку полицајци ќе бидат ангажирани на протестот.
Премиерот Еди Рама изјави дека протестите не се средство со кое може да се урне власта.
Американската амбасада во Тирана побара од своите државијани да го избегнат протестот и локацијата каде што тој ќе се одржува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



