Бил Марис има 425 милиони долари, кои во текот на оваа година може да ги вложи како сака. Да бара компании кои ќе го успорат стареењето, да нѐ спаси од болести и да го продолжи животот.
Марис, претседател и партнер-директор на фондот „Гугл Вентурес“, верува дека животниот век на луѓето може да се продолжи и до 500 години. Го интересираат генетиката, неврологијата и молекуларната биологија, како и трудовите на германскиот лекар Фриц Кан, кој меѓу првите го опишал човечкото тело како машина, и футуристот Реј Курцвел, кој смета дека луѓето ќе ја надминат биологијата и дека во 2045 година веќе нема да имаме компјутери.
За да бидеме во чекор и да го избегнеме сценариото во серијата на филмовите „Терминатор“, мора радикално да ја смениме биологијата користејќи наноботови и други машини за да ја подобриме и развиеме својата ДНК и да се промени сѐ што е поврзано со тоа како живееме и умираме.
Марис соработува со Курцвел обидувајќи се што подобро да го разберат светот во кој машините ја надминуваат биологијата. На некои таквата иднина би им била застрашувачка.
На чело на фондот за ризичен капитал „Гугл Вентурес“ го донеле коосновачите на „Гугл“, Серџ Брин и Лари Пејџ, пред седум години. Тогаш и самиот бил млад директор, со ограничено инвеститорско искуство и без контакти во Силициумската долина. Ја продал својата компанија за веб-хостинг и работел за непрофитабилна организација која развивала технологија за лекување слепи во Индија.
„Гугл Вентурес“ раководи со имот вреден околу две милијарди долари, со удели во повеќе од 280 стартапови. Секоја година „Гугл“ додава 300 милиони долари нов капитал. Оваа година на тој износ ќе се додадат 125 милиони долари за новиот европски фонд, со што ќе стане еден од најголемите фондови од тој вид во Силициумската година.
Компанијата со 66 милијарди долари годишен приход не работи исклучително за да заработи. „Гугл“ бара насока кон нови технологии за да не заврши како „Блекбери“ и слични компании кои не биле во чекор со времето.
Веќе трошат милиони на проекти како што е „Гугл икс“, интерни лаборатории во кои се развиени паметни очила „Гугл Глас“ и кој работи на автомобили кои возат самите. Во почетокот на годината инвестирале 900 милиони долари во „Спејс икс“, проект на Елон Муск, а лани го покренале фондот „Гугл Капитал“, наменет за инвестиции во технолошки компании во подоцнежна фаза на развој.
Имаат и истражувачки центар „Калико“, кој бара начини како да го спречи стареењето, а „Гугл Икс“ работи на таблета која ќе се внесува во наночестички во нашиот крвоток за да открива болести и канцерогени мутации.
Марис има одврзани раце, може да располага со парите како сака, па дури и да ги продаде уделите во стартапови на конкуренцијата. Меѓу позвучните стартап имиња во кои инвестирал се „Убер“, „Нест“ и „Клаудер“. Од 2013 година до денес уделот на инвестициите за биолошки проучувања и сродните научни гранки пораснал од шест на 36 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст