Новиот француски министер за буџет, Бернар Казанове, изјави денеска дека кипарската криза не ја загрозува стабилноста на еврозоната и ја повика Никозија да го обнови дијалогот со кредиторите по отфрлувањето на европскиот спасувачки план од Парламентот.
Казанове беше министер за европски прашања, но синоќа беше назначен за министер за буџет по оставката на Жером Кјузак, кој е под истрага за даночни измами.
– Многу мерки беа преземени за обезбедување стабилност во еврозоната, структурни мерки, што ќе овозможат да се избегне обновувањето на шпекулации – истакна тој.
Според него, тројката кредитори ќе почнат нови преговори со Кипар.
И покрај негативното гласање во кипарскиот парламент синоќа, францускиот министер го поддржува воведувањето на спорниот данок врз банкарските депозити над 100.000 евра во замена за кредит од десет милијарди евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.