Најплатен лидер меѓу светските политичари е американскиот претседател Барак Обама со годишна заработувачка од 400.000 долари, а неговиот кинески колега Си Џинпинг, меѓу 12-минината рангирани, има најмала годишна плата од 22.000 долари.
Обама покрај платата добива и даночни олеснувања во износ од 50.000 долари, а платата на претседателот на САД двојно се зголемила кога на оваа функција дошол Џорџ Буш во 2001 година.
Веднаш по Обама следуваат канадскиот премиер Стивен Харпер, кој годишно заработува 260.000 долари, а на трето место на листата на најплатени лидери од економски најразвиените земји се наоѓа германската канцеларка Ангела Меркел, со годишен приход од 234.383 долари.
Јужноафриканскиот претседател Џејкоб Зума годишно добива 223.600 долари, а британскиот премиер Дејвид Камерон 214.782 долари, вклучувајќи ја и пратеничката плата.
Шестото место на листата го зазема јапонскиот претседател Шинѕо Абе со заработувачка од 202.700 долари годишно, додека францускиот претседател Франсоа Оланд би бил подобро рангиран доколку неговата плата не е намалена за 30 отсто по доаѓањето на власт и сега изнесува 194.300 долари годишно.
Рускиот претседател Владимир Путин се наоѓа на осмото место, откако минатата недела ја намали сопствената плата за 10 отсто поради економската криза, и таа сега изнесува 136.000 долари годишно. Италијанскиот премиер Матео Ренци годишно заработува 124.600, бразилската претседателка Дилма Русеф 120.000 долари, а индискиот премиер Нарендра Моди малку повеќе од 30.000 долари годишно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Америка во шок: Обама за малку избегна атентат со пакет-експлозив
-
Амбасадорите на Обама во Македонија и во околните земји работат на поткопување на суверенитетот на државите
-
Кој е режисерот, сценаристот и актерите против процедурата, волјата на народот и суверенитетот на Република Македонија
-
Обама се враќа