Левото крило на репрезентацијата на Македонија, Дејан Манасков од следната сезона ќе биде член на Вардар, и ќе остане во тимот на „црвено-црните” во следните три сезони односно до јуни 2018 година.
Тој во моментов настапува за екипата на Вецлар во германската Бундеслига, каде на секој натпревар ги покажува своите играчки квалитети. По завршување на сезоната во Германија, Манасков ќе се приклучи на екипата на Вардар во подготовките за новите предизвици.
– Со задоволство можам да потврдам дека е потпишан договорот со Манасков, кој ќе остане во Вардар најмалку три сезони. Игрите на Манасков беа одлична препорака да му понудиме соработка, и на заедничко задоволство тој ќе се врати во Скопје и ќе игра за Вардар. Нашиот клуб отсекогаш сакал да ги има најдобрите во своите редови, а уште посреќни сме што еден репрезентативец на Македонија го одбра Вардар, како своја следна дестинација во кариерата -изјави Давор Стојаноски извршниот директор на РК Вардар за клупскиот сајт.
Манасков во 2014 година во изборот на „Хендбол Планет” беше избран во иделаниот тим на светот составен од млади ракометари на позицијата лево крило. Во 2013 и 2015 година беше дел од репрезентацијата на Македонија на СП во Шпанија и во Катар. Настапи и на ЕП 2012 и 2014 година во Србија и во Данска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент