Путин е понизок отколку што изгледа, Обама е џин за Тони Абот, а, пак, канадскиот премиер е над сите во Г20. Лидерите на земјите од Г20 се кројачите на светската политика, но колку се застрашувачки политичките џинови и дали нивната висина и појава прави да изгледаат поавторитетни?
Австралискиот премиер Тони Абот е висок 175 сантиметри, а рускиот претседател Владимир Путин е 170 сантиметри. Сепак, двајцата често се фотографирани без кошули и очигледно е дека за скромната висина надоместуваат со спортската градба и вежбањето боречки вештини.
Абот е поранешен рагбист и страстен велосипедист, а и боксувал додека бил на Универзитетот Оксфорд. Додека, пак, некои од приказните за Путин ретко се сфаќаат сериозно, тој наводно спасил телевизиска екипа од напад на тигар пред неколку години. Путин е, всушност, џудо мајстор.
Британскиот премиер Дејвид Камерон и американскиот претседател Барак Обама – вертикално надарени политичари – се високи 185 сантиметри и порелаксирано го сфаќаат животот од Путин и Абот.
Обама често може да се види на терените за голф, па дури и дента по упатената порака до ИСИС за обезглавувањето на врвниот американски воен дописник Џејмс Фоли.
Камерон е цар за „чилаксација“ – негова лична кованица за опис на времето поминато во играње тенис или гледање телевизија со неговата сопруга Саманта.
Највисок лидер на земјите од Г20 е канадскиот премиер Стивен Харпер. Има 55 години и 188 сантиметри. Тој е првиот канадски премиер кој вработил личен стилист кој му помага често да изгледа софистицирано.
Францускиот претседател Франсоа Оланд е висок 170 сантиметри и вториот најнизок француски претседател. Сепак, тој е 5 сантиметри повисок од поранешниот претседател Саркози, за кого висината беше посебно чувствителна точка.
Оланд во 2012 година беше фотографиран во Лондон до многу повисок припадник на почесната гарда, па на неофицијалните фотографии Оланд изгледаше како џуџе во споредба со него.
Двајца азиски лидери во Г20 – кинескиот претседател Си Ѓинпинг, кој е 175 сантиметри и јапонскиот лидер Шинцо Абе, кој е 177.5 сантиметри, се многу повисоки од просечните мажи во нивните земји. Просечна висина за маж во Кина е 167.5 сантиметри, а во Јапонија – 170 сантимери.
Од жени-политичари во тешка категорија, Германката Ангела Меркел е 165 сантиметри, исто како и Аргентинката Кристина Фернандес де Кирхнер, а двете се пониски од лидерката на Бразил Дилма Русеф, која е 170 сантиметри.
Доказ дека убавите нешта не се секогаш во мали пакувања е јужноафриканскиот претседател Џејкоб Зума, кој е 167.5 сантиметри. Против Зума се поднесени куп тужби за корупција, бил женет 6 пати и се проценува дека има 20 деца.
Кралот Абдула од Саудиска Арабија, кој почина на 23 јануари 2015 година, беше висок 177.5 сантиметри.
Но, колку е важна висината на политичарите?
Според едно истражување на д-р Грег Мури од Тексашкиот технички универзитет, гласачите сметаат дека високите политичари се подобар избор за лидери.
– Нашите предци живееле во групи кои постојано биле во конфликти кои се решавале во физичко насилство. Ако си член на група и непријателските орди доаѓаат од ридот, ќе сакаш првото нешто што ќе го видат да биде некој голем човек за да знаат дека ги чека тешка битка, психологот д-р Мури изјави во интервју за „Гардијан“.
Според други истражувања, луѓето претпочитаат да имаат физички поголеми лидери. Освен тоа, вели истражувањето, мажи со поголем физички изглед, почесто на себе гледаат како поспособни лидери и како поефикасни и пожестоки во самата борба за лидерската позиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.