Како реагираат хороскопските знаци на скокоткање? Вашиот одговор сигурно ќе биде со смеа. Сепак не реагираат сите така…
Овен: Ќе почне и тој вас да ве скокотка се додека не почнете да молите да престане.
Бик: Само ќе се потпре со целата своја тежина на вас, па вие скокоткајте.
Близнаци: Ќе се изнасмее и ќе ви возврати, а потоа ќе сфати дека заборавил што сакал да каже пред скокоткањето.
Рак: Само ќе стане без збор, ќе отиде во соба и ќе ја лупне вратата. Нема да излезе со часови и ќе го употреби цел инцидент како „оружје“ во некоја расправа по десет години.
Лав: Исклучително ќе се навреди и нема да ве разбере додека му објаснувате дека не сте мислеле ништо лошо.
Девица: Ќе ве гледа бледо се додека не престанете.
Вага: Ќе ужива се додека не и ја изгужвате облеката.
Шкорпија: Од почетокот ќе подлегне на „магијата“ скокоткање, а потоа, изненадувачки со последните сили, ќе ја врати смиреноста, ќе ве погледне во очи и ќе викне „Престани! Веднаш! Инаку….“.
Стрелец: Ќе ви возврати, а потоа откако ќе се одалечите, ќе продолжи да скокотка некој друг од околината.
Јарец: Никој не го скокотка затоа што никогаш не се доаѓа со Јарец до опуштена атмосфера.
Водолија: Тивко ќе ве одбегнува со насмевка и ќе размислува како да го претвори тоа скокоткање во нешто убаво за двајцата, каде што облеката е излишна.
Риби: Прво ќе го мрази скокоткањето, а потоа ќе одлучи дека е во ред, затоа што на крајот на краиштата, тоа е тоа што другата личност го сака.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.