| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе растат платите на администрацијата за уште 21,5 отсто, досега се зголемиле за 27 проценти

denari

Во периодот 2006-2014 година, Владата изврши зголемување на платите на вработените во администрацијата за повеќе од 27 проценти. Станува збор за зголемување на платите кое се случуваше во неколку наврати изминатите години, а последното зголемување беше во октомври 2014 година кога последен пат се покачи платата за 4 отсто.

Со овие зголемување вработените во администрацијата добија зголемување на платите кое не се случило во претходниот период.

Дополнително, со досегашното зголемување на платите, за следниот четиригодишен период Владата со својата програма има дефинирано дополнително зголемување на платите во јавниот сектор за вкупно 21,5 отсто, односно секоја година во октомври вработените во администрацијата да земаат плата покачена за по пет отсто.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top