Во товарно моторно возило синоќа во близина на село Мрзенци откриени се шест илегални имигранти.
– Синоќа во 18:50 часот полициски службеници од ГП Богородица на местото Авлак на автопатот Гевгелија – Скопје во близина на село Мрзенци сопреле товарно моторно возило „Форд“ управувано од С.С.(32) од село Кондово, скопско и во него затекнале шест илегални мигранти – соопшти денеска МВР.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.