Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно четири сообраќајни незгоди.
Од нив, три се со последица материјална штета и една е со последица телесни повреди во која со полесни повреди се здобил еден патник во автобус.
Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 42 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото. Седум возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење и седум возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците.
Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 58 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во ОУ „Браќа Рамиз и Хамит“ кое се наоѓа на територијата на општина Шуто Оризари со учениците од второ и четврто одделение.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Црн петок, ама буквално: Дошле на шопинг во Сити мол, останале без возила!
-
Двајца потешко и тројца полесно повредени во пет сообраќајки во Скопје
-
Ги следи ли проклетство „Ѕвездите на Гранд“: Тројца победници доживеаја страотни сообраќајки
-
Седум сообраќајки вчера во Скопје, пајакот подигнал 72 возила