Италијанскиот суд ја потврди ослободителната пресуда за Силвио Берлускони по обвинението дека плаќал за секс на малолетна танчерка, а потоа ја злоупотребил својата премиерска позиција тоа да го прикрие. По деветчасовно заседавање, судиите донесоа ваква одлука со која му се овозможува на Берлускони да задржи значајна улуга во италијанската политика, пренесува АФП.
78 годишниот Берлускони во 2013 година беше осуден за ова дело, но по поднесената жалба пресудата е укината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.