| четврток, 6 декември 2018 |

Облачна среда, но без значителни врнежи

oblacno-630x470Во среда нé очекува пооблачно време во западниот дел од земјата. Но, од оваа облачност не треба да се очекуваат некои значителни врнежи, туку само слаби и претежно сконцентрирaни во првиот дел од денот. На повисоките места врнежите ќе бидат од слаб снег.

Според Метеопро, на исток се очекува променливо време, со можно краткотрајни сончеви периоди. Условите за врнежи во овој крај се минимални.

Минималната температура ќе има вредност околу 2°С низ поголем дел од населените места. На повисоките места минималната температура ќе има вредност околу -4°С. Највисоката дневна температура долж течението на Вардар ќе има вредност од 8°С на север до 11°С на југ. Котлините во западниот регион очекуваат највисока температура околу 7°С, а на исток околу 8°С. На повисоките места максималната ќе има вредност околу 3°С.

Во скопската котлина очекуваме облачно време со слаб дожд наутро. Облачноста ќе се задржи во текот на целиот ден, но веројатноста за врнежи ќе биде мала. Минималната температура ќе има вредност околу 3°С. Максималната температура ќе има вредност околу 8°С.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top