Полското обвинителство и Министерството за образование го испитуваат случајот за кој пишуваа медиумите дека наставничка во Полска и ја залепила устата на една ученичка со селотејп, поради тоа што станала да зборува без да биде прашана, јави дописникот на МИА од Прага.
– Ме иритирате. Имам многу селотејп, не грижете се, иако е тенок, тој е
силен, наводно им се заканувала на учениците во Основно училиште близу Вроцлав, наставничка со шестгодишна практика.
Случајот излегол во јавност откако просветната работничка била снимена со диктафон, кој една мајка го ставила во чантата на своето дете, сомневајќи се дека нешто чудно се случува во училиштето поради тоа што забележала промена во неговото однесување.
Родителите на учениците кои имале 5-6 години, биле изненадени од настанот кој излегол на виделина и за наставничката говореле дека
изгледала многу мила.
Шокирана е и министерката за образование Јоана Клузикова Ростковски, која изрази надеж дека ваквото однесување нема да остави трајни последици врз развојот на децата.
Наставничката, сега е суспендирана од работното место и доколку се докажат обвинувањата ќе биде отстранета од работа со деца.
Полемика во Полска, предизвикаа и некакви чудни правила кои се применувале во едно училиште во Легница во јужниот дел на земјата.
Таму учениците стоеле неподвижно пред наставниците кои по азбучен ред ги пуштале да влезат на настава. Потоа се доближувале до клупите и стоеле мирно. Оние кои ќе ги „испочитувале“ правилата биле наградувани.
Против ваквите случаи реагираа повеќе организации за заштита на децата и надлежните органи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст