| четврток, 6 декември 2018 |

Русија излезе од Спогодбата за контрола на вооружувањето

ruski tenkРусија одлучи да го суспендира своето учество во консултативната група на Спогодбата за конвенционалните оружени сили во Европа (ЦФЕ), соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Москва.

– Руската федерација донесе одлука да го суспендира учеството на собирот на 11 март во Виена, се наведува во соопштението.

Антон Мазур, шеф на руската делегација на разговорите за воената безбедност и контрола на вооружувањето во Виена, потсети дека Русија уште во 2007 година се одлучила на унилатерален мораториум на примена на Спогодбата.

– Така, суспензијата на дејствување врз основа таа спогодба, која почна во 2007 година, станува целосна, ја пренесува ТАСС неговата изјава.

Мазур потенцираше дека овој потег не значи дека Русија го отфрла натамошниот дијалог за контролата на конвенционалното вооружување во Европа, „ако и кога нејзините партнери бидат подготвени за тоа“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top