Регионалната иницијатива за азил, бегалци и миграција (МАРРИ) му е потребна на регионот бидејќи тоа што го има оваа иницијатива го немаат добар дел од многу подобро етаблираните меѓународни организации, а земјите-членки на МАРРИ преку своите претставници го следат заедничкиот интерес предводен единствено од заедничките проблеми што ги дели регионот.
Ова го нагласи министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на денешниот дипломатски состанок за активностите на МАРРИ, со која 2014-1015 година претседаваше Република Македонија.
Јанкулоска нагласи дека стратегиската определба на Владата останува членството во ЕУ и во НАТО, а европската перспектива, подвлече, е единствена опција за сите земји од реигонот.
– Иако Република Македонија подолго време е земја кандидат, тоа не не обесхрабрува многу, туку повеќе ни дава сила да покажеме дека ние сме подготвени за почнување со процесот на преговори и тоа час поскоро, рече меѓу другото во обраќањето Јанкулоска.
Во рамки на активностите кои македонското претседателство ги спроведува, посочи таа, значајно место наоѓаат одредбите од Декларацијата од Цавтат, донесена од претходното претседателство на Хрватска, а една од најзначајните се однесува на приклучување на Косово во МАРРИ активностите. МВР, истакна Јанкулоска, ги поддржува активностите кои државите членки со заеднички напори ги спроведуваат во рамки на МАРРИ.
Трпе Стојановски, директор на МАРРИ Регионалниот центар потенцира дека на ваквите состаноци се дава можност да се презентираат националните искуства и да се бара регионално решение, тоа го нуди и е најголемата вредност на оваа иницијатива.
Нерегуларната миграција, според Стојановски, е тенденција односно феномен што добива нагорна линија односно се интензивира и сите индикатори упатуваат на тоа дека ќе продолжи да се интензивира, мерките во делот на превенција и на разјаснување на секој случај што ќе биде детектиран, се во надлежност на националните институции. Она што го прави МАРРИ е да ги обедини тие институции, појасни, да ги разменат искуствата и потоа преку конкретни проекти да се бараат решенија за одредени сегменти кои можат на регионално ниво да превенираат одредени празнини во легислативата, методологијата…
– Кога станува збор за нерегуларната миграција, во принцип се работи за мигранти кои од безбедносни причини спасуваат жива глава. Меѓутоа, имајќи предвид на какви дејства се упатени и се случуваат, овие канали се користат и од структури што можат да ги злоупотребат во смисла на некаков радикализам, на можни терористички активности и друго – изјави Трпе Стојановски, директор на МАРРИ.
Инаку, во текот на минатата 2014 година во областа на илегалната миграција откриени се 92 кривични дела шверцување емигранти, што е за речиси двојно повеќе од претходната 2013 година, при што кривично се пријавени 166 лица. Во врска со кривичното дело организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе и криумчарење мигранти, информира МВР, откриени се 17 вакви кривични дела во кои кривично се пријавени 43 сторители.
Во рамки на овие активности детектирани се и четири криминални групи кои имале 28 членови и организирале криумчарење мигранти од Блискиот и Среден Исток и Северна Африка во западноевропските земји.
По однос, пак, на кривичното дело злоупотреба на безвизниот режим со држави членки на ЕУ и Шенгенскиот договор лани биле откриени 19 такви случаи во кои 32 лица се кривично пријавени.
Исто така, во Прифатниот центар во Скопје биле сместени 838 илегални мигранти, а евидентирано е дека лани 1.750 лица илегално ја минале државната граница, додека 1.132 лица во 2013 година, од кои најмногу биле од соседна Албанија (624), потоа од Сирија (570) од Авганистан (291), како и од други земји од Блискиот и Среден Исток и Северна Африка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст