| четврток, 6 декември 2018 |

За таткото: Сексот по породувањето

00040207

За многу млади мајки и нивните брачни другари, првиот секс по породувањето претставува проблем и предизвикува страв. Партнерите може да останат со впечаток дека по раѓањето на детето сѐ се променило, физиолошки и психолошки.

Колку е точно тоа, кога можете да почнете со секс и како, токму на овие прашања ќе обрнеме внимание.

15521284835426bf720d90b190340315_orig

Секс по породување: Кога?

Лекарите препорачуваат,првите сексуални односи да се случат не порано од 6-8 месеци по породувањето. Можно е и уште во здравствената установа да ви посочат датум, по кој ќе можете да го обновите сексуалниот живот. Обично дали сте подготвени или не, може да се знае по обновата на матката. Овој орган треба да се врати во нормална големина.

Освен тоа, во првите недели по раѓањето, жената има лохии, а во составот на лохиите може да има повеќе бактерии. Затоа во овој период е препорачливо да се воздржувате од секс за да не предизвикате инфекција на генеричките патишта, која пак може да доведе до развој на воспаление или ендометриоза.

Улогата на мажот

article-0-0C5C4D2D00000578-1

Често првиот секс по раѓањето се претвора во своевиден индикатор на блискоста на семејната двојка.

Ако младиот татко сака побрзо да почне со сексуални контакти, тој треба да преземе дел од  домашните задачи и да се грижи за бебето. Тоа ќе ѝ овозможи на младата мајка да има повеќе време за заздравување, да не е преоптеретена и да се отпушти. Ако вашата сопруга по цел ден шета по дома, едвај се наспива заради ноќното доење, надежта дека сексот ќе ѝ се врти во глава е многу мала. Попрво би избрала да се наспие.

Сосема нормално е мајката  да е возбудена околу тоа колку пелени наполнило бебето или колку млеко му дала отколку за што било друго. Ова однесување е нормално, станува збор за мајчински инстинкт и хормони.

Во такви моменти жената до вас има потреба од вашите комплименти и од верба во тоа дека ја прифаќате таква каква што е во моментот. Воздржете се од критики на адреса на нејзината фигура и не инсистирајте да прави нешто со сила.

Од младиот татко се очекува да покаже разбирање, тактика и трпение. Кога мајката ќе се почувствува добро, таа ќе успее да одговори на вашите сексуални желби. Обновата на интимноста по раѓањето бара време.

Man Watching Woman Undress at Hot Tub

По раѓањето постојат неколку работи кои можете да ги направите за да ѝ помогнете на сопругата да се почувствува посакувана, редовно да ја опсипувате со позитивни емоции, неочекувано да ѝ подарувате нешто или пак да ѝ донесете цвеќе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top