| четврток, 6 декември 2018 |

Бламажи во сексот за кои сите молчат

За време на сексот најдобро е да се исклучи мозокот и да се ужива во моментот, но тоа некогаш е невозможно, затоа што во сексот честопати се случуваат непријатности поради кои се вцрвенуваме.

1-bojata-na-sobata-vlijae-kolku-chesto-imate-seks-wwwkafepauza.mk_

Упс! Каков е тој звук?

Вагиналните звуци не се никаква новост, но секој пат кога ќе ги чуете за време на сексот имате потреба да се оправдувате. Треба да знаете дека нема место за срам, затоа што станува збор за нормална појава која им се случува на сите.

Влажни дамки?! Не сум јас!

Дамката на креветот е предизвикана од ејакулација, може да биде било чија од партнерите.

Зошто ме боли глава?

Не зборуваме за главоболка, туку за ненамерните удари во глава за време на сексот. Во страсна еурофорија удирањето со глава во ѕид или на ивицата од креветот е честа појава која во моментот може да ја „излади“ целата ситуација.

Како беше оваа поза? Аха вака….не, не вака?

Новата врска, освен страст, со себе носи и мала несигурност. Имено, кога партнерите сеуште не се познаваат добро, промената на пози може да биде и малку трапава. Што точно требаше да направам? Што тоа тој експериментира? Неусогласеност и непознавањето на партнерот понекогаш може да предизвика непријатност.

Ох, дали е можно сега дека ми се оди во тоалет?

Многу честа појава за време на сексот, која што може да биде посебно непријатна кога во еурофирјата од емоции и страст ви се јавува голема потреба од уринирање. Сепак треба да знаете дека тоа е нормална појава. Притискот на бешиката може да предизвика неконтролирано уринирање и силна потреба за мокрење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top