Министрите на ДУИ во Владата се прислушувани додека разговарале со нивните колеги министри и влијателни луѓе во Тирана и во Приштина, вели во интервјуто за албанската телевизија „Топ чанел“, лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Но, тоа јавноста нема да го слушне зашто Заев проценил дека не е етички.
– Тој материјал нема да го објавиме бидејќи тоа не е етички за министрите на другите земји. Наши министри биле предмет на прислушување, но тие разговарале со своите колеги во Приштина и во Тирана – вели Заев.
Оттука се поставува прашањето дали е етички да се објавуваат туѓи разговори? Зошто не е етички да се објавуваат разговори на албански политичари, а етички е да се објавуваат дури и приватни разговори на Македонци? Досега не слушнавме ниту еден разговор на албанските политичари во земјава, осен на самиот почеток неколку нивни кратки разговори, со пријатели. Но, затоа, пак, се слушаа приватни разговори на министри, се слушаа интерни шеги и разговори за приватноста на новинари, кои подоцна беа предмет на озборување и невкусно шегување на социјалните мрежи инволвирајќи ги дури и нивните малолетни деца.
Што има етиччко во тоа јавно да се објавуваат туѓи муабети и приватни работи? Зар е етичко нечија приватност да се стави на тапет?!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст