| четврток, 6 декември 2018 |

Лавров: Русија очекува во ЕУ да надвладее здравиот разум

Русија очекува во ЕУ да надвладее здравиот разум бидејќи нормализирањето на меѓусебните односи одговара како на интересите на Русија, така и на Унијата, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Тој на почетокот од разговорите во Москва со својот шпански колега Хосе Мануел Гарсија Маргаљо ја поздрави „разумната позиција на Шпанија во еден тежок период за откажување од бескрајната санкциона инерција“.

Лавров изрази увереност дека на крајот ќе надвладее здравиот разум бидејќи нормализирањето на соработката е во интерес на граѓаните на Русија и на ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top