| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на Решат Амети во „Матица ексклузив“

Во мултимедијалниот центар „Матица ексклузив“ вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложба на 40 дела од академскиот сликар Решат Амети.

Решат Амети (Гостивар, 1964) завршил Факултет за ликовни уметности, во класата на проф. Ана Темкова. Работи како редовен професор по сликарство на Државниот универзитет во Тетово.

Со свои изложби се претставил во Њујорк, Хамбург, Анкара, Бостон, Мајнхајм, Цирих, Брисел, Софија, Шарлоа, Нирнберг, Хамбург, Париз, Виена, Гронингем, Скопје, Приштина, Тирана, Дебар, Гостивар, Тетово…

Учествувал на преку 200 групни изложби во Македонија и странство. Добитник е на високи награди и признанија за своето творештво, меѓу кои и на државната награда „11 Октомври“ за животно дело во областа на уметноста и културата.

Изложбата на Решат Амети утревечер ќе ја отвори поетот и литературен критичар Ефтим Клетников.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top